Музичарот и основач на популарната денс-група „Funky G“ од деведесетите, Гаги Ѓогани, во гостувањето кај раперот Ѓус отворено прозборе за младоста, животот во Земун за време на деведесеттите, но и за причините поради кои денес има професионални несогласувања со поранешната сопруга и соработничка Анабела Атијас.
Присетувајќи се на почетоците на групата во 1993 година и застрашувачкиот период на инфлација и криминал, Гаги призна дека и самиот не бил целосно имун на уличното опкружување:
„Тогаш имав 22 години. Израснат сум во Земун, блиску до Шилерова, бев присутен и гледав што се случува, но бев во светот на музиката и танцот. Како малолетник и јас бев деликтвент — морав да ја поминам таа ‘обука’. Околу 18-тата година застанав и целосно ѝ се посветив на музиката, додека моите пријатели од улицата заминаа по свој пат“, искрено раскажа тој.
Ѓогани откри и дека чува од 10 до 15 уште необјавени песни, но дека моментално е во проблем бидејќи би сакал да ги сними исклучиво со Анабела, која во моментот е преморена од такви ангажмани:
„Не би сакал да правам песни со други девојки, туку со Анабела. Но, таа е преморена од многу работи. Како што минуваат годините, ја губиш таа енергија што ја имаше кога беше млад. Јас ја немам повеќе таа сила како порано, а поради новите песни во моментот сме во мал проблем“, заклучи Гаги.
