6.8 C
Скопје
20:38 - 19 март, 2026

Ештон Качер и Мила Кунис во центар на скандал: Го поддржале осудениот силувач

Холивудската актерска двојка Ештон Качер и Мила Кунис се на удар на критики откако американските медиуми открија дека му напишале писмa со поддршка на Дени Мастерсон пред да биде осуден на 30 години до доживотен затвор за силување, во четвртокот.

Кaчер и Кунис, кои глумеа со Мастерсон во популарниот ситком „That ‘70s Show“, во нивните писма објавени од репортерката од судот во Лос Анџелес, Меган Куниф и новинарот Тони Ортега, гарантирале за Мастерсон и ја молеле судијата Шарлејн Олмедо да „биде попустлива“.

Тие не се единствените. Имено, дури 50 лица поднеле писма за поддршка на Мастерсон, кој во мај беше осуден по две точки од обвинението за силување.

– Иако сум свесен дека во пресудата е прогласен за виновен по две точки од обвинението за силување и дека жртвите имаат голема желба за правда, се надевам дека моето сведоштво за неговиот карактер ќе биде земен предвид при изрекувањето на казната. Не верувам дека тој претставува трајна штета на општеството – напишал меѓу другото Качер.

Кунис напишала дека со сето срце гарантира за исклучителниот карактер на Дени Мастерсон и „огромното позитивно влијание што тој го имаше врз мене и луѓето околу него“.

„Неговата посветеност да води живот без дрога и вистинската грижа што ја обезбедува за другите го прават извонреден пример и пријател“, напишала Кунис.

Слични објави

„Никогаш не сакав да му припаѓам само на еден маж“: Урсула Андрес, фаталната жена која сакаше без ограничувања

Еспресо

Жестока расправија меѓу Цеца и Снежана Ѓуришиќ: „Немој да се расправаш со мене додека зборувам!“

Еспресо

(Видео) Спектакл за 41-виот роденден на Станија: Мини фустан, шампањ и танц на маса

Еспресо

„Маки“ по операцијата: Азис се пофали со новите силикони, па се пожали дека не може да закопча ниту една кошула

E.A.

Дали имаме нов холивудски пар? Се шушка дека Никол Кидман е во врска со ѕвездата од серијата „Менталист“

Еспресо

(Фото) „Мојата смисла на сѐ е во нејзината насмевка“: Каспер откри како ги поминува деновите со Мина Костиќ додека е во Америка

Еспресо
Се вчитува....