17.8 C
Скопје
11:43 - 26 март, 2026

Емотивно раскажа за покојниот свекор: Ова е снаата на Саша Поповиќ која стана мајка

Даниел, синот на Сузана Јовановиќ, сопругата на покојниот Саша Поповиќ стана татко. Неговата сопруга Тијана роди девојче кое го крстија Марта, а гордата баба не ја криеше својата среќа за добрата вест.

Инаку, малку се знае за приватниот живот на Даниел, а неговата сопруга неодамна се појави пред камерите. Тијана, во доцната бременост, зборуваше за Саша Поповиќ во документарец кој беше снимен во негова чест.

Фото/Инстаграм

-За мене, тој беше поддршка, потпора, сигурност. Беше човек со отворено и широко срце. Од првиот момент кога се запознавме, тој некако ме прифати како член на семејството и никогаш не почувствував дека не припаѓам таму. Го прифаќаш без дури ни да го познаваш. Го прифаќаш како свој. Тој секогаш даваше, и материјално и емоционално, подеднакво и на своите деца и на мене. Не нè одвојуваше во ништо- рече таа тогаш.

Фото/Инстаграм

Сопругата на Даниел, Тијана, дипломирала на Економскиот факултет,  а со години работи како шминкерка во „Гранд“. Саша и Сузана организираа свадба за Даниел и Тијана во 2022 година, на која присуствуваше целата естрада.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ за внуката Марта: „Сè ме потсетува на Сале, секој ден си го спомнуваме“

Еспресо

(Фото) Убав повод за забава во семејството на Огнен Здравковски

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Беше сиромашна и гладна, а сега се бори за здравјето: Се отвори Бранка Соврлиќ за Зорица Брунцлик

Еспресо

(Видео) „Целата траума е во телото“: Јелена Спенџарска откри лична приказна

Еспресо

Хороскоп за 26 март: Вагите носат важна одлука, Раковите се ослободуваат од емоционален товар

Еспресо
Се вчитува....