14:33 - 19 февруари, 2026

Емотивната животна порака на Коки, раскажана во неколку реда

Многу емотивно и искрено, својата животна приказна и филозофија, Никола Јанков-Коки ја раскажа во само неколку реда на својот фејсбук-профил. Со фотографија од својот неодамнешен настап на фестивалот „Макфест“ тој порача:

– Кога некои шетаат, се смеат, патуваат, јадат, се прејадуваат, пеат, пиат и се препиваат… слават родендени, женидби, годишници, или едноставно така уживаат во животот, кој на кратко, кој почесто така..

Убаво им е, нема тука што… денот изгрева и заоѓа, и за овие, но и за оние кои со споени дланки го покриваат своето лице по 100-тина пати во денот, тажејќи за некого или за нештата кои не можат да ги вратат назад.

Стуткани во четири ѕида, размислувајќи како да го поминат и овој проклет ден, во тага и болка. Дали можеме нешто да направиме? Дали е ова неправда можеби?

Дали нешто нѐ погодува, мене и тебе, запрашувајќи се кој и зошто заслужил така или така..? Во која колона си ти, или има некоја трета, или четврта варијанта на животот…?

Каде и да си, немој да заборавиш дека Еден и единствен кој што може да те разбере, помогне, утеши, израдува, те воздигне, или ти даде мир, е Бог. Одете кај Него – напиша Коки.

Слични објави

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо
Се вчитува....