09:33 - 13 ноември, 2026

Емина Јаховиќ за разводот: „Кога останав сама со децата, сфатив колку е тешко“

Пејачката Емина Јаховиќ и по разводот од Мустафа Сандал не ја изгубила вербата во љубовта и бракот, иако зад себе има десетгодишна заедница.

Таа открива дека по разводот мислела дека повеќе никогаш нема да се омажи, но со текот на времето ставот ѝ се променил.

„Јас сум жена што го сака бракот. Не ми е природно да имаш партнер и да го нарекуваш дечко – поубаво е кога ќе кажеш ‘ова е мојот сопруг’“, изјавила таа.

Јаховиќ признава дека поради љубов го напуштила животот во Србија и се преселила во Турција, каде што основала семејство.

„Бев толку вљубена што заминав без многу размислување. Кога сакам, губам врска со реалноста“, искрено додава пејачката.

Иако денес е финансиски независна, нагласува дека партнерот ѝ е потребен пред сè за емоционална сигурност, а не за материјална поддршка.

Според неа, бракот подразбира заедништво и во емоциите и во финансиите, па идејата за одвоени пари ѝ е туѓа.

Пејачката зборуваше и за предизвиците на мајчинството, особено откако останала сама со децата, признавајќи дека морала да стане построга.

„Кога останав сама со нив, сфатив колку е тешко. Мораше да има ред и дисциплина“, вели таа.

И покрај годините поминати во Турција, Јаховиќ признава дека Србија и понатаму ја доживува како свој вистински дом.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....