15:57 - 10 ноември, 2026

ЕМИНА ЈАХОВИЌ со својата животна приказна ГИ РАСПЛАКА СИТЕ ПРИСУТНИ: Цел живот живеам одвоено од семејството

Пејачката Емина Јаховиќ успеа да ги расплаче присутните со својата животна исповед во една турска телевизиска емисија во која гостуваше.
Имено, таа пораснала како најмало дете во семејството во Нови Пазар составено од таткото Нусрет Јаховиќ кој бил кардиоторакален хирург, мајката Сенија Јаховиќ, педијатар, сестрата Сабина, која исто така е педијатар и братот Мирсад Јаховиќ Туркџан, кошаркар кој играше во НБА лигата.

Таа го изгубила својот татко на 18 години, а денес со тага и љубов зборува за него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

– Целиот живот го живеам одвоено од семејството. Никогаш не сме биле на едно место заедно, никогаш – се отвори Емина Јаховиќ во емисијата, поради што на некои од гостите почнаа да им течат солзи.

– Татко ми почина кога имав 18 години. Брат ми и сестра ми заминаа на студии, брат ми во Турција да игра кошарка, а сестра ми на факултет да студира медицина. Јас останав сама со мајка ми и се грижев за неа 7-8 години – изјави пејачката и додаде:

– Така, воопшто не го преживеав детството. Кога велат: „Можеби навистина немаше да успеам ако не бев толку безнадежна“, тоа е навистина точно. Кога животот ќе ве повлече на дното, доживувате шок, но оттаму се враќате и станувате. Така е. Затоа понекогаш мораме тие тешки и негативни работи кои сме ги доживеале да ги претвориме во позитивни. Тоа е единствениот начин да станеме силни. Преживувајќи ја болката. Зашто тоа е животот…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....