13:32 - 7 април, 2026

Емина Јаховиќ искрено за синот и неговата девојка: „Ми рече дека ќе бидам катастрофална свекрва!“

Пејачката Емина Јаховиќ од бракот со поранешниот сопруг Мустафа Сандал ги има синовите Јаман и Јавуз. Таа никогаш не ја криела силната поврзаност со наследниците, а неодамна искрено проговори за постариот син и неговиот љубовен живот.

„Јаман многу се грижи за мене. Скоро не можеше да ме добие на телефон, па се јавувал на мојот менаџер и на другарка ми да праша дали сум добро. Кога е кај татко му за викенд, ми се јавува да праша дали сум јадела и дали ми треба нешто да ми порача… Многу е внимателен. Има девојка веќе две години и гледам дека е многу нежен и кон неа“, раскажала Емина, откривајќи какво мислење има за својата снаа.

„Скоро ми рече дека ќе бидам катастрофална свекрва, бидејќи сум перфекционист. Но навистина не е така, сè уште не сум во таа ‘свекрва фаза’. Сепак, сакам моето дете да има слобода да избере само. Не сакам да се мешам, а ако некогаш биде повреден – така треба, тоа е дел од животот. Не можам да го заштитам од сè, ниту да му ја одземам слободата. Многу ја сакам неговата девојка, често е кај нас, слатка е и мила. Многу се разликува од мене. Обично велат дека синовите бираат девојки што наликуваат на нивните мајки, но кај Јаман тоа не важи.“

Слични објави

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.
Се вчитува....