7.8 C
Скопје
06:37 - 2 април, 2026

ЕКСТРЕМНО ТОПЛА ВОЗДУШНА маса од Африка, Славчо Попоски предупредува на внимание од пожари

– Продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите до среда ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 35 степени, додека од четврток па натаму истите ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, и тоа поради влијанието на ЕКСТРЕМНО ТОПЛАТА ВОЗДУШНА маса од Африка. Тогаш температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите предели истите ќе се искачат до 40 степени. Локално во овие предели температурите се очекува да надминат дури и 40 степени. Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент 10, па затоа на граѓаните им советувме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

Во Скопје и околината времето во следните денови ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 33 степени, додека од четврток истите ќе надминуваат 35 степени.

НАПОМЕНА: Поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури кој се очекуваат во следниот период, и тоа особено од четврток па натаму, препорачуваме да внимавате на природата и да избегнувате движење во шуми, со цел да не дојде до евентуална појава на пожари, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....