7.8 C
Скопје
03:06 - 30 март, 2026

Економистот Јаков Милатовиќ е новиот претседател на Црна Гора – убедливо го победи Ѓукановиќ

Претседателскиот кандидат на Движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ, освои 60 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора, покажуваат проекциите на Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ) врз основа на 90 проценти отсто од обработениот изборен материјал.

ЦЕМИ соопшти дека 40 отсто гласале за претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ.

Според податоците на Центарот за демократска транзиција, во вториот круг од претседателските избори гласале околу 383,3 илјади гласачи или 70,7 отсто.

Јаков Милатовиќ има 37 години и е економист, поранешен министер за економски развој во првата влада формирана по парламентарните избори одржани во август 2020 година, на кои Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Ѓукановиќ го загуби мнозинството во парламентот за првпат по три децении.

Милатовиќ е третиот претседател на Црна Гора од независноста во 2006 година

Тој дипломирал со десетка на Економскиот факултет на Универзитетот во Црна Гора, а магистрирал на Оксфорд. Оженет е и е татко на три деца.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....