3.8 C
Скопје
20:09 - 20 декември, 2024

БИЗАРНИ СУЕВЕРИЈА НА ИКОНИТЕ НА ПОП КУЛТУРАТА: Едниот си ги чуваше исечените нокти, другиот спиеше свртен кон север…

Суеверието не е првиот термин што го поврзуваме со уметниците. Кога станува збор за познати личности, најсуеверни се веројатно спортистите, од кои многумина внимаваат со кое стапало прво ќе стапнат на теренот, секогаш си шепотат исти зборови пред натпреварт или се многу посветени како ќе ја наместат долната облека пред давање сервис. Но, далеку од тоа дека уметниците немале компулсивни активности за кои биле убедени дека ќе им донесат добра или лоша среќа. Списанието „Артси“ состави прилично забавна листа на икони од поп-културата, кои исто така биле уште посуеверни од просечниот учесник на Светско фудбалско првенство.

Пабло Пикасо

Познатиот шпански уметник Пабло Пикасо (1881-1973) не ја фрлал својата стара облека, истрижената коса или исечените нокти, бидејќи се плашел дека на тој начин ќе изгуби „делови од својата суштина“.

Пикасо, исто така, правел колекција и од сопствените дела, па затоа за време на неговата смрт тој поседувал околу 50.000 свои дела, од принтови и цртежи до театарски сетови. Денес тој се смета за еден од најголемите и највлијателните уметници во изминатиот век, за што можеби придонесе и фактот што тој одби да се збогува дури и со најмалите делови од своето генијално јас.

Фото: Инстаграм

Чарлс Дикенс

Англискиот писател, роден во 1812 година, починал во 1870 година, секогаш носел компас со себе и се вртел исклучиво кон север кога спиел. Дикенс верувал дека оваа практика ја поттикнува неговата креативност и вештини за пишување. Авторот на класици, како што се романите „Големи очекувања“, „Оливер Твист“ и „Дејвид Коперфилд“, исто така, беше социјален критичар, воден од силен внатрешен компас, што беше очигледно од неговото литературно сецирање на социо-економската состојба во Англија во тоа време. Друга интересна приказна која е поврзана со Дикенс, вели дека тој е пронаоѓач на зборот „досада“ („здодевност“).

Фото: Инстаграм

Коко Шанел

На Габриел Бонер Шанел (1883-1971), попозната под прекарот Коко, можеби ќе може да ѝ се оспори епитетот уметник, но не и поп икона. Таа беше прилично суеверна и постои легенда за тоа како некој јасновидец ѝ рекол дека нејзиниот среќен број е пет, според кого подоцна го нарекла својот славен парфем. Ако легендата е вистинита, тогаш и ова пророштво било исто така, затоа што Шанел бр. 5 стана културен бренд за себе. Во станот на Коко Шанел, имаше кристален лустер направен од форми кои се извртени за да се напише бројот пет, а во име на добрата среќа, таа сакаше да ја претстави својата колекција на 5- ти мај – да, на петтиот ден од петтиот месец во годината.

Фото: Инстаграм

Јоко Оно

За некои, таа е причината за распадот на славниот бенд, а за други, самата претставува позната мултимедијална уметничка и активистка за мир, Јоко Оно (родена во 1933 година). Јоко беше многу чувствителна на звук и светлина во нејзината младост, до тој степен што открила дека осветлувањето од кибрит во темна просторија, и гледањето како пламенот гори и гасне, ѝ создава чувство на олеснување. Таа зборуваше за повторување на овој ритуал сè додека не се смири, првично само пред нејзината сестра. Подоцна, овој приватен ритуал стана нејзин јавен перформанс, наречен „Осветлувачки мир“, што го сними со колективот Флуксус.

Фото: Инстаграм

Дијана фон Фирстенберг

Дијана фон Фирстенберг (1946) е моден креатор за кој важи сè што е кажано и за Коко Шанел во однос на нејзината позиција како културна икона на еден период. За неа, исто така, се смета дека е многу суеверна, но нејзиното суеверие сепак има посериозна нота.

Имено, Дијана сè уште чува дукат од 20 каратно злато што нејзиниот татко го криел во чевелот за време на Втората светска војна, а потоа ѝ го подарил додека таа била девојче. Оваа монета ја става на чевел на секое нејзино модно шоу, за да ѝ донесе среќа. Најпозната по своите пријатни фустани, оваа влијателна дизајнерка денес продава облека со нејзиниот потпис во повеќе од 55 земји во светот.

Д-р Сус

Писателот и илустратор Теодор Сојс Гизел (1904-1991), попознат како Доктор Сус, имал богата колекција на шапки, со повеќе од 300 примероци. Кога се соочувал со креативна блокада, тој ќе се нурнел во неговиот скриен плакар, од каде ќе одберел една шапка за да ја носи додека повторно не се почувствува инспириран. Овие чудни навики му помогнаа да создаде некои од најпопуларните детски книги, вклучително и класиката од овој жанр, преведена во нашата земја како „Мачорот со шапка“.

Салвадор Дали

Шпанската икона на надреализмот (1904-1989), Дали, и самиот се сметал себеси за многу суеверен човек, затоа што носеше парче дрво извадено од вода за да ги одврати злите духови.

Дали и во текот на неговиот живот бил славен и влијателен сликар, кој што и во своите дела, но и во својот личен живот во целина го прифатил надреализмот, независно дали цртал илустрации за „Алиса во земјата на чудата“, дали се натпреварувал во ТВ квизови или кога речиси се задушил додека држел предавање во костум за нуркање.

 

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....