9.8 C
Скопје
12:43 - 1 април, 2026

Еди Рама и Ковачевски со заедничко селфи од Брисел, зарем човек со ваква вратоврска да го чека Годо?!

Албанскиот премиер Еди Рама (58) од Брисел со селфи фотографија на која е во друштво со Ковачевски испраќа шегобијна порака на својот Инстаграм профил.   

„Сè уште го чекате Годо? Не, ние сме навикнати на оваа шарада и повеќе од кога и да е сме посветени на поттикнувањето на модернизацијата на нашите земји и нашиот регион со непоколеблив европски дух“ – напиша Рама.

На фотографијата прво што паѓа во очи е неговата вратоврска. Црвена. Но сепак, не е ништо ново ни чудно кога станува збор за Рама и вратоврските за кои очигледно не ја крие страста. Необични, есктравагантни, често и во чудни модни комбинации.

Не е познат бројот на вратоврски кои ги поседува рама во својата приватна колекција, но веруваме дека се стотици. И ете, и овојпат, вратоврската го привлекува вниманието како некогаш што таа улога ја одиграа атлетските патики искомбинирани со костум.

Премиерот Еди Рама е познат по своите необични вкусови преку кои ја изразува својата уметничка креативност на „роден“ сликар. Оние кои влегле во неговиот кабинет се сведоци на уметничките декорации необични за кабинети на шефови на влада. Па така, таму ќе ве пресретнат од леопарди (статуетки) преку шарени тапети до дресот на Лионел Меси…Но, неизбежен детал во кабинетот е и катчето кое личи на излогче од кое висат дузина вратоврски, која од која понеобична и екстравагантна.

На премиерот Рама толку голема страст му се вратоврските што во 2018 година самиот лансираше линија вратоврски, дизајнирани токму од него кои секако го привлекоа вниманието на сите, а беа изложени и достапни во продажба во излогот на албанскиот моден бренд „Онус“. Колекцијата содржеше четири модели на вратоврски, изработени со 3Д технологија.

принтскрин
принтскрин

И не оди што не оди сега, човек со ваква вратоврска каква што носи и денес, да седи по ходници.

 

 

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....