20:45 - 13 април, 2026

Ед Ширан е навреден од тужбата, ќе престане да прави музика: „Ако ме прогласите за виновен, јас сум готов“

Ед Ширан изјави дека ќе престане да прави музика доколку биде прогласен за виновен за плагијат на соул класиката на Марвин Геј Lets get it on, велејќи дека тврдењата се навредливи, пренесува Дејли меjл.

Toj пред федералниот суд во Менхетен во понеделникот остро ги отфрли обвинувањата дека го злоупотребил хитот на Марвин Геј и ко-сценаристот Ед Таунсенд од 1973 година кога ја напишал и компонирал Thinking Out Loud. Тој дури и ветил дека ако поротата го прогласи за виновен, ќе се збогува со музиката.

„Ако тоа се случи, јас сум готов, завршив“, рекол Ширан на прашањето на неговата адвокатка Илене Фаркас за последиците од судењето.

„Мислам дека е навистина навредливо да го посветувам целиот мој живот на тоа да бидам изведувач и автор, а некој тоа го минимизира“, додал музичарот.

Ширан беше тужен од наследниците на Таунсенд, кои тврдат дека има неверојатни сличности меѓу песните и бараат отштета од астрономски 100 милиони долари. Во федералниот суд во Менхетен минатата недела, адвокатите на имотот на Таунсенд прикажаа видео на кое Ширан непречено преминува помеѓу Thinking Out Loud и Let’s Get it On за време на настап во живо. Сметаат дека е негово признание дека ја украл песната.

Но, на суд Ширан рече дека тој и другите уметници често изведуваат меш-ап, и дека во други прилики го комбинирал Thinking Out Loud со Crazy in Love на Ван Морисон и I Will Always Love You Доли Партон.

„Мешам песни на многу емисии. Многу од песните имаат слични акорди. Можете да одите од Let It Be до No Woman No Cry и повторно да се вратите назад. И искрено, ако го направев тоа за што ме обвинувате, јас би бил идиот да застанам на сцената пред 20 илјадии да пеам“, рекол тој.

Тој исто така истакна дека неговиот хит всушност бил инспириран од ирскиот музичар Ван Морисон.

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ со ќерката и Рале отишле во манастир: Стајлингот на пејачката предизвика бурни реакции на социјалните мрежи

apostolova

(Фото) Лазар Ристовски и Аница Лазиќ во романтична велигденска идила: Пловат со брод и разменуваат нежности

Еспресо

Данијела Мартиновиќ ја отвори душата: „Животот нè учи да го препознаеме она што е важно“

Т.Ц.

(Фото) Драгана Мирковиќ во „мустанг“ од 85.000 евра ужива на висока нога во срцето на пустината во Невада

Т.Ц.

Отако ја претепал партнерот, Ава Карабатиќ откри дека е бремена

Еспресо

Тридневна детокс диета за прочистување на црниот дроб, желудникот и целиот организам

Т.Ц.
Се вчитува....