6.8 C
Скопје
02:29 - 31 март, 2026

Две славни жени се здружија во жесток напад на Новак Ѓоковиќ и Србите: „Глуми синдром на жртва, дека сите се против него…“

Цел свет знае за српскиот тенисер и најголем шампион на тенисот – Новак Ѓоковиќ, некои велат дека е контроверзна личност, некои го слават, други не го сакаат…Една од нив е петкратната победничка на Гренд Слем и поранешна најдобра светска тенисерка во двојки, Рене Стабс (која денес е австралиски тренер), не може да го смисли Новак. Тоа јавно го покажа неодамна кога гостуваше во подкастот на Кејтлин Томпсон – во кој заедно „му навалија“ на Ѓоковиќ.

инстаграм

Томпсон е ко-основач на „Racquet Magazine“’ и една од водителките на најпопуларниот тениски подкаст во светот, а заедно со Стабс, која ѝ беше гостинка пред неколку дена ги нападна Србите и Новак Ѓоковиќ.

„Србите имаат синдром на жртва. Сите се против нив, ги напаѓаат, опкружени се со непријатели. Тоа го мотивира и Новак Ѓоковиќ. Немам што да кажам за неговиот тенис. Луѓето можат да го сакаат и да уживаат во неговиот тенис, но јас не можам“, изјави тениската новинарка Томпсон, чии зборови очекувано не одекнаа добро во српската јавност.

Таа стави до знаење дека мисли дека Ѓоковиќ сака да глуми жртва, па дури и навести дека мисли дека неодамнешните обвинувања дека тој ја лажирал повредата се вистинити. Покрај острите зборови кои ги упати кон него, таа се осврна и на некои не баш спортски теми, како што е геноцидот во Сребреница.

„Дел од српската енергија е во тоа што тие имаат менталитет како да се постојано под опсада. Нивната култура е култура под опсада, дека се нападнати, дека се опкружени со непријатели. Тоа е практичниот мотив за Ѓоковиќ и во текот на поголем дел од неговата кариера…Зошто сите зборуваат за борбата која Новак ја поминал во последните години? Тоа е борба која сам си ја избра зашто не сакаше да ги почитува правилата“, рече новинарката и го поврза тоа со српскиот менталитет, со војната од 90-те години на минатиот век, и со одбивањето на Ноле да се вакцинира против ковид што му предизвика ѓестоки проблеми во кариерата.

Таа додаде дека Ѓоковиќ во себе го носи воинствениот менталитет карактеристичен за Србите кои ги обвини за војната во Југославија во 90-те години. Но истакна и дека поради неговиот карактер не може да се воодушевува на неговата игра.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....