3.8 C
Скопје
22:45 - 6 март, 2026

„Душко не плаќа издржување за децата“: Јелена Карлеуша откри дека сама ги издржува ќерките

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Пејачката Јелена Карлеуша откри за „Информер“ дека нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ не плаќа издржување за нивните ќерки, Атине и Ника Тошиќ.
Јелена повторно предизвика голема прашина во јавноста со сериозните тврдења против Душко.

Во ексклузивното интервју пејачката отворено зборуваше за нивниот однос по разводот, издржувањето за ќерките Атине и Ника, но и за бројни теми од приватниот и професионалниот живот, без да крие ставови и за колегите од естрадата.

Дали Душко плаќа издржување?

Да кажам вистината?! Не плаќа издржување, еве, апел сега!

Како е можно еден ваков успешен спортист да ги избегнува своите обврски?

Се обидувам да го решам овој проблем надвор од медиумите, со некаков човечки пристап преку адвокат, но не успевам. Во име на сите жени кои се борат за правото да добиваат помош од партнерот и таткото на нивните деца, должна сум да зборувам за тоа. Србија воведе нов закон, со кој ќе се регулира ова. Ако еден родител не исплати две издржувања на друг родител кој има старателство над децата, другиот ќе може да ги наплати од државата, а државата ќе го гони оној што не ги исполнил законските обврски. Така и Душко ќе биде решен!

Како би реагирале ако дознаете дека Душко повторно се жени?

Му посакувам сè најдобро затоа што тој е татко на Атине и Ника. Ќерките го сакаат многу и никогаш нема да кажам ништо лошо за него. Му посакувам да е жив и здрав и што подалеку од мене.

Вашите ќерки имаат одлични вокални способности. Дали би ги поддржале да се занимаваат со пеење?

Двете се многу талентирани! Атине дури свири клавир, оди во музичко училиште и прекрасно црта, а Ника е позната по магичната харизма кога станува збор за комуникација со луѓе. Засега не покажуваат желба да се занимаваат со пеење, но што и да посакаат, сигурно ќе имаат најголема поддршка од мама, како што мојата мајка беше за мене.

Имате фаворити во „Пинкови ѕвезди“?

Имаме многу добри пејачи и ќе биде голема борба затоа што сите имаме добри кандидати, но мислам дека моите ќе победат. Не можам да издвојам еден за победник.

Дали некогаш им сте давале на кандидатките некоја ваша облека или чевли?

Многу пати им давам свои работи, особено во претходното натпреварување. Сите што влегоа во финале беа во моите комбинации.

Кога камерите се гаснат, со кого се дружите од жирито и како тоа изгледа?

Кога имаме пауза за ручек, се дружиме. Пред камерите е друга приказна, правиме шоу и понекогаш знаеме и да се скараме.

Дали сте ја сретнале Милица Павловиќ и дали ве контактирала?

Не сум ја сретнала и не сме во никакви односи. Нашето пријателство заврши на лош начин и тоа е сè што имам да кажам.

Како изгледа кога сретнувате луѓе од естрадата со кои немате добри односи?

Колегите што ме плукаат зад грб обично, кога ќе ме видат во живо, сеплашат, се обидуваат да се тргнат или да покажат лицемерно лице. Ми велат дека изгледам убаво, се воодушевуваат и забораваат што направиле претходно.

Слични објави

„Девојката со крилата“ објави дека го изгубила бебето: „Никому не би му посакала да го изоди истиот пат“

E.A.

„Се сакаме, ми готви секој ден“: Тигар првпат јавно проговори за врската со Јована Јеремиќ

apostolova

Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

Еспресо

„Почнаа контракции поради стресот, имаме финансиски проблем“: Српски пејач со бремената сопруга сè уште се заглавени на Тајланд поради конфликтот на Блискиот исток

Еспресо

Свршеницата на Лука Дончиќ ги избриша фотографиите со кошаркарот, фановите збунети – „Дали е готово?“

E.A.

(Фото) Голема прослава во домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: „Твојата насмевка е моја среќа“

Еспресо
Се вчитува....