5.8 C
Скопје
07:10 - 1 април, 2026

Дуа Липа во одбрана на родна Албанија против британскиот министер: „Тоа што го кажа е малоумно“

Англиската пејачка со албанско потекло Дуа Липа во интервју за Сандеј Тајмс изјави дека ја повредиле зборовите на британскиот министер Суелу Браверман, а кои се однесувале на Албанците.

Имено, министерот ги нарекол албанските емигранти „криминалци кои го нападнаа островот“.

Пејачката овие зборови ги оцени како малоумни.

„Секако дека болат сите изјави за иселениците. Отсекогаш сум го сметала Лондон за „лонец за топење на културите“.

„Ваквите изјави се малоумни, но за жал многу луѓе се уште размислуваат така“, изјави пејачката.

Дуа Липа додаде дека е свесна дека секогаш ќе има луѓе кои ќе ги обвинуваат емигрантите дека доаѓаат да крадат работни места.

„Меѓутоа, иселениците кои доаѓаат овде заработуваат со исклучително напорна работа. Мора да има поголема емпатија, бидејќи луѓето не ги напуштаат своите земји без причина, туку поради страв за опстанокот на нивните семејства“, заклучи Дуа Липа.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....