-0.2 C
Скопје
08:42 - 18 јануари, 2025

ДРУГАТА СТРАНА НА ХОЛИВУДСКАТА УБАВИЦА: Сакала виски и цигари, имала посебна смисла за хумор и била бестрашна

Одри Хепберн

Излезе новата биографија на Одри Хепберн наречена „Warrior“, која ја прикажува актерката во сосема поинакво светло.

Актерката Одри Хепберн денес важи за една од најголемите актерки на 20 век, како и модна икона чиј беспрекорен стил продолжува да ги инспирира дизајнерите. Мила со крупни, експресивни очи, темна коса и витка фигура, таа влезе во историјата на американската кинематографија како олицетворение на елеганцијата и одлична актерка со бескраен шарм.

Но, во новата биографија, Роберт Мацен ја покажува другата страна од животот на актерката – нејзиниот хуманитарен ангажман. Книгата содржи многу приказни за блиските соработници на Одри додека таа беше амбасадор на УНИЦЕФ.

„УНИЦЕФ мислеше дека со мојата мајка ќе добијат само убава принцеза за покажување, она што навистина го добија беше бестрашен воин“, рекол еден од синовите на Хепберн, Лука Доти, пред објавувањето на биографијата.

„Сакав да му ја покажам на светот вистинската страна на Одри, нејзината смисла за хумор, нејзините пороци, сакаше виски и цигари. Беше забавна, таа не беше само убаво лице“, истакнал писателот на книгата, Роберт Мацен.

Книгата, исто така, ги опишува нејзините бројни походи на боиштата во Судан каде што се борела против волјата на владата и предупредувањата за опасност да ги посети несреќните деца и да им помогне. Хепберн ја сфатила својата улога како амбасадор на УНИЦЕФ многу сериозно.

Слатката Одри се прослави со филмовите „Breakfast at Tiffany’s“, „Roman Holiday“, „My Fair Ldy“, „Sabrina“, романтични комедии со многу шарм, а зад маската на елегантна холивудска ѕвезда цело време се криела жена со необичен талент и животна приказна.

Како амбасадор на добрата волја за УНИЦЕФ, таа патувала низ светот ширејќи ја свеста за потребите на сиромашните деца во Африка и Јужна Азија. Во 1992 година Одри беше наградена со Медал на слободата од американскиот претседател за нејзината хуманитарна работа.

Истата година почнала да чувствува силни болки во стомакот и набрзо ѝ бил дијагностициран рак на желудникот. Била оперирана, но бидејќи одбила да прими хемотерапија, таа почина на 20 јануари 1993 година во нејзиниот роден град Толоченаз.

Слични објави

Хороскоп за 18 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата, а вие?

apostolova

(Фото) Сите на куп: Драгана Мирковиќ со децата и снаата ужива во луксузот на Дубаи

Еспресо

(Видео) Секогаш насмеана и згодна: Лила Филиповска се присети како изгледала низ времето

Еспресо

Јелена Карлеуша призна, повеќе не ги крие чувствата кон кошаркарот: „Многу ми се допаѓа…“

Еспресо

(Фото) „Сите сме наши, само…“: Јована Јеремиќ се возеше во метро во Америка, патниците непријатно ја гледаа

apostolova

Се огласи Миша Гроф откако Николина Пишек беше тужена од ќерката на Видоје од првиот брак: На сѐ што има право едното дете, право има и другото…

Еспресо
Се вчитува....