06:07 - 12 март, 2026

Драгана Мирковиќ си ја отвори душата: „Седам и плачам“, па ја избриша објавата

За разводот на Драгана Мирковиќ и Тониј Бијелиќ се уште не престанува да се зборува.

Пејачката реши да стави крај на бракот со бизнисменот, а како што откри во соопштението за јавност, двајцата не живеат заедно веќе три години.

Драгана во последно време е многу активна на социјалните мрежи, а со најновата објава на својот фејсбук-профил ги изненади сите.

Драгана им открила на следбениците дека последниот период од животот ѝ бил многу тежок и дека често плачела, но дека сепак морала да ги одржи закажаните концерти.

-Имав тежок период во мојот живот и тоа беше неодамна. Знам дека имам концерт, во соба сум, седам и плачам, ги бришам солзите, излегувам на сцена и правам концерт. Сè завршувам со насмевка. Доаѓам и се враќам во собата – повторно истата приказна. Но запомнете, кога ви е најтешко, тогаш бидете храбри и борете се. Разбудете го вашиот инает и верувајте дека ќе победите – напиша Драгана на својот фејсбук-профил.

Она што е интересно е што Драгана брзо ја избриша оваа објава од својот профил, а причината се уште не е позната.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....