16.8 C
Скопје
13:17 - 14 март, 2026

Драгана Мирковиќ сè жртвувала заради Тони: „Дали сте свесни колку ризикував?“

Бракот на Драгана и Тони Бијелиќ траеше повеќе од три децении, а денес целиот регион пишува за нивниот развод.

За цело време Драгана успешно се спротивставуваше на предизвиците, а од оваа временска дистанца, периодот кога бизнисменот ја запросил познатата пејачка изгледа прилично одамна. Сепак, и не така одамна, пејачката можеше да се сети на нивните почетоци и со носталгија во душата зборуваше за првите денови на нивната среќа…Ве потсетуваме како изгледала љубовта на Тони и Драгана и како самата пејачка проговорила за тоа.

Пред неколку години, во екот на страта и љубовта меѓу Драгана и Тони, пејачката во едно интервју се присети на деталите од свршувачката и многумина ги изненади. Љубовта на Драгана и Тони изгледаше како да е бескрајна.

– Тоа беше навистина необично. Прекрасно е кога познатото прашање „дали ќе се омажиш за мене“ ќе се постави во романтичен амбиент, но кој вели дека мора да биде така? Прашањето му „одлета“ на Тони додека чекавме да се вклучи зеленото светло на семафор, среде некои мои приказни, со насмевка реков „да“ и тоа беше тоа. Мене ми беше интересно, смешно и романтично. Додуша, ќе дадам се од себе еден ден син ми да не ја запроси идната сопруга на семафор – низ смеа изјави пејачката, но бракот на Драгана Мирковиќ и Тони во текот на сите овие години докажува дека оние бракови кои почнуваат на необични темели понекогаш се подолготрајни од оние со класични романтични приказни, пренесува српско Еспресо.

– Во првите шест месеци од нашето запознавање разговаравме многу, бидејќи јас живеев во Белград, а тој во Виена. Беа часови и часови телефонски разговори, за време на кои сфативме дека зборуваме на ист јазик. Можете да замислите колку не чинеше, бидејќи меѓународните разговори беа многу скапи – низ смеа изјави своевремено Драгана.

Сепак, нивнит брак на почетокот не бил онаков каков што многумина го замислувале.

– Факт е дека заради љубов си заминав од Србија, но не ми беше нималку лесно да се одлучам на таков чекор. Од преубава куќа отидов во педесет квадратни метри. Иако имаше фирма, Тони не го интересираше да прави куќа туку да вози супер автомобил. Вистинско размислување на едно момче – се сеќава Драгана Мирковиќ.

Како што објаснува Драгана, кога заминала за Виена, го оставила своето семејство, својата земја, својата кариера. Можело да се случи никогаш веќе да не се врати на сцената.

– Дали сте свесни колку ризикував? Сега, кога во мислите ќе се вратам на тој период, сфаќам колку сум била смела – вели пејачката.

(Фото) Внукот на Цеца го прослави првиот роденден: Раскош, сини балони, кадифени мечиња, елегантна трпеза

 

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо
Се вчитува....