14:24 - 13 ноември, 2026

Доставувач го нашол паричникот на Сергеј Трифуновиќ, па направил нешто што го воодушевило актерот

Актерот Сергеј Трифуновиќ сподели приказна која, како што самиот вели, му го разубавила денот и го потсетила колку многу може да значи еден искрен и несебичен гест.

Неговиот паричник, кој претходната вечер му испаднал од џеб додека бил во Нови Сад, го пронашол работник за достава по име Сале. Наместо само да го врати паричникот, тој решил лично да му го донесе на Трифуновиќ во Белград.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergej Trifunovic (@sergiotrifunelli)

Трифуновиќ објави фотографија со човекот чиј број во телефонот го зачувал под името „Сале Цар“ и откри што точно се случило.

„Сале Цар го најде паричникот што синоќа ми испадна од џеб во Нови Сад, седна во воз и на велосипед и ми го донесе во Белград“, напиша актерот.

Според Трифуновиќ, Сале не очекувал ништо за возврат. Кога актерот му се заблагодарил за постапката, тој му одговорил дека тоа е најмалку што може да направи за него.

„Рече дека толку пати сум го насмеал во животот што тоа е најмалку што може да направи за мене“, откри Трифуновиќ.

Актерот посебно им се заблагодари и на две жени, Дуња и Вахида, кои никогаш не ги запознал, но според него и тие му го разубавиле денот.

„Покрај Сале, сакам да им се заблагодарам на Дуња и Вахида, кои не сум ги запознал, но и тие подеднакво ми го разубавија животот“, напиша тој на социјалните мрежи.

На крајот, Трифуновиќ порача дека постапката на овие тројца луѓе го потсетила на нешто што често се заборава – вредноста на добрината без очекување на награда.

„Колку е убаво кога сме само луѓе. Без очекување возвратна услуга или каква било корист. Овие тројца непознати луѓе денес ми ја разубавија Србија“, заклучи актерот.

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....