7.8 C
Скопје
01:28 - 31 март, 2026

Доналд Трамп лут на принцот Хари, му прети ли депортација од САД? „Јас не би го заштитувал!“

меган маркл, принц хари

Доналд Трамп изјави дека кралското семејство било „премногу милосливо“ кон принцот Хари и дека тој не би го заштитувал, како што тоа го направил Бајден.

Изјавата на Трамп дојде 24 часа откако принцот Хари се појави на суд поради сомнение дека лажел во своите имиграциски документи за САД, а станува збор за употреба на дрога, за што тој самиот зборуваше во својата книга „Резерва“. Правниот спор го покренаа Фондацијата Херитиџ и ДЦ, а принцот го оспори тоа со поддршка од Одделот за домашна безбедност на Бајден.

Трамп беше бесен на Бајден што го „заштити Хари“ со тоа што ги чуваше во тајност неговите документи за имиграција.

„Јас не би го штител, ја предаде кралицата, тоа е непростливо. Би бил сам, да е до мене. Мислам дека се премногу милосливи после се што тој направи“, рече Трамп.

Во својата книга, принцот Хари признал дека користел кокаин од својата 17-та година, но нагласи дека тоа го правел само повремено. Американската влада ги оспори овие тврдења, тврдејќи дека признанијата на принцот Хари не претставуваат доказ дека тој навистина користел кокаин, туку дека тие можеби биле дел од маркетинг стратегијата за промовирање на книгата.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....