6.8 C
Скопје
20:18 - 10 март, 2026

ДОНАЛД ТРАМП ја повика кралицата да му ја одземе титулата на Хари: „Кутриот Хари, Меган го влече за нос!“, „Ќе се врати во Лондон откако Меган ќе го отфрли!“

Доналд Трамп сензационално ја повика кралицата да ги одземе кралските титули на принцот Хари и Меган во ексклузивно интервју со Пирс Морган.

Поранешниот претседател на САД, исто така, рече дека Хари, кој се откажа од кралската должност за да живее во Соединетите држави со Меган, е нај„камшикуваниот“ човек што некогаш го видел.

Во интервјуто, поранешниот претседател на САД предвидува дека Хари ќе се врати во Лондон откако Меган ќе го отфрли.

– Не сум обожавател на Меган и не сум бил од самиот почеток. Кутриот Хари го влече за нос, вели во интервјуто Трамп и додава дека тој е срам за кралското семејство и дека особено е срамно што заедно со Меган лошо зборуваат за кралското семејство и кралицата.

Инаку, тој додава и дека е восхитен од кралицата со која лично се запознал на состанок повеќе од еден час и дека взаемно си се допаднале.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Us Weekly (@usweekly)

Интервјуто ќе биде емитувано утре на австралиска телевизија.

Ова не е првпат Трамп да се нафрли на Хари и Меган за кои очигледно чувствува одбивност. Тој и лани, при крајот на декември, во друго интервју ја обвини војвотката од Сасекс за „користење“ на принцот Хари и „непочитување“ на кралицата.

Слични објави

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо
Се вчитува....