Поранешен припадник на личното обезбедување на српската пејачка Ана Николиќ излезе во јавност со серија тешки обвинувања поврзани со неговиот ангажман кај пејачката, тврдејќи дека не му биле исплатени договорените средства, дека бил доведен во заблуда околу причините за ангажманот, како и дека бил сведок на сериозни конфликти и финансиски проблеми.
Никола Грба, кој извесен период бил ангажиран како лично обезбедување на Николиќ, вели дека во Белград дошол по молба на заедничка пријателка, со објаснување дека пејачката наводно трпи психичко и физичко насилство од тогашниот партнер, Горан Ратковиќ – Рале, и дека ѝ е потребна заштита. Според неговите зборови, реалноста била сосема поинаква.
„Јас ѝ бев лично обезбедување на Ана Николиќ. Дојдов од Црна Гора во Белград, откако нејзин пријател ме замоли да помогнам затоа што Ана, наводно, била малтретирана од нејзиниот партнер Рале. Ми беше претставена приказната дека Ана е тепана, дека е психички и физички злоставувана и дека ѝ е потребна заштита“, почнува тој.
Тој тврди дека со Николиќ договорил месечен надомест од 2.500 евра, како и привремено сместување во хотел, но дека обврските не биле испочитувани. Наводно, поради неплатени сметки, бил исфрлен од хотел и сам ги подмирувал трошоците за престој.
Во својата изјава, Грба посочува дека во текот на ангажманот не бил сведок на физичко насилство од страна на Ратковиќ врз пејачката, туку, напротив, дека тој, како што вели, покажал коректност и помогнал во повеќе наврати, вклучително и финансиски. Меѓу другото, тврди дека Ратковиќ враќал долгови направени од Николиќ и дека таа наводно земала пари однапред за настапи кои потоа не ги реализирала, поради што средствата морале да се враќаат на организаторите.
„Тој човек трпи сериозно малтретирање од Ана. Да не беше неговата помош, ќе останев без покрив над главата и без никакви средства. Рале и неговото семејство ме примија коректно и хумано. Тој ги враќа долговите на Ана и ѝ дава 25.000 евра месечно. Се случи Ана да закажува настапи, да зема пари однапред, а потоа да не се појавува. Значи, и настапот закажан за 12 декември во Сплит беше откажан, Рале мораше да ги врати парите на организаторите“, тврди Никола.
Поранешниот телохранител зборува и за настани за време на заедничко патување, при што, според неговите тврдења, повторно дошло до проблеми со неплатено сместување, како и до сериозни вербални и физички конфликти меѓу поранешната двојка. Тој тврди дека во еден таков инцидент бил сведок на агресивно однесување од страна на пејачката кон нејзиниот поранешен партнер.
Грба наведува дека не добил ниту еден од договорените надоместоци, дека бил изложен на закани и притисоци, но дека не бара финансиска отштета, туку, како што истакнува, сака „да се слушне и другата страна на приказната“. По завршувањето на ангажманот, тој се вратил во Подгорица, нагласувајќи дека одбил да биде вовлечен во физички пресметки и приватни конфликти.
Од друга страна, Ана Николиќ, според информациите, не одговорила на повиците за коментар и јавно не се огласила во врска со овие обвинувања.
Напомена: Станува збор за тврдења на поранешен соработник, кои досега не се потврдени од други извори.
