17:59 - 10 ноември, 2026

(Фото) Маријана од Австралија објави специјална приказна со внуката

Маријана Новачевска од Австралија објави специјална приказна со внуката Ева, ќерката на нејзиниот син Филип и снаата Анастасиа.

Имено, близначките Маријана и Росана прославија роденден, секој во својот дом, Маријана во Мелбурн, а Росана во Скопје. Легендарните пејачки кои го испејаа евергринот „Признавам“ наполнија 61 година.

Маријана од нејзиниот дом во Мелбурн објави преслатка фотограграфија со внуката со роденденската торта и до неа напиша:

– Од срце и душата ви БЛАГОДАРАМ за вашите желби и честитки. Тортата страдаше и си замина во вечните ловишта. Да сте ми сите здрави, живи и насмеани – напиша духовито Маријана.

Во октомври годинава, емоциите ја совладаа Росана Сариќ-Тодоровска која на фестивалот „Макфест“ настапи без својата втора половина, Маријана Новачевска.

Дуото Маријана и Росана беше вистински бум на македонската естрада во 1980-тите и во 1990-тите, а нема кој не ги пее нивните хитови и денес. Близначките, иако се долги години разделени, се блиски и поврзани како кога живееја во иста земја.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....