14.8 C
Скопје
17:34 - 13 март, 2026

Диор покажа како се создадени фустаните на Лејди Гага и Селин Дион за отворањето на Олимпијадата: 1.000 часа изработка

Фустанот на Селин Дион се изработувал 1.000 часа, а фустанот на Лејди Гага беше изработен од пердуви од птици.

Отворањето на Летните олимписки игри 2024 година се случи во Париз, а настапите на суперѕвездите Лејди Гага и Селин Дион беа некои од главните моменти.

И двете пејачки се појавија во луксузни креации на Диор, а сега француската модна куќа на своите профили на социјалните мрежи го откри процесот на креирање на фустаните за кои зборува цел свет.

На отворањето прва настапи Лејди Гага. Нејзината изведба го прослави духот на француското кабаре, поставена на врвот на Ил Сен Луј среде Сена. Таа отпеа интерпретација на Mon Truc en Plumes од француската танчерка, пејачка и актерка Зизи Жанмер. Култниот хит, кој во превод значи „Моето нешто со пердувите“, беше замислен во 1961 година од Роланд Петит, кореографот за кого Кристијан Диор дизајнираше балетски костими – врска која се рефлектира и прославува во спектакуларната креација со пердуви на Лејди Гага.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dior Official (@dior)

Изгледот, дизајниран од Марија Грација Кјури, се одликуваше со црна сатенска наметка во комбинација со долен дел, како и обемно здолниште со пердуви во црна и розова боја. Материјалот за неговото создавање е собиран за време на природното паѓање на пердувите на птиците додека растат.

Црните оперски ракавици и соодветниот пердув на главата од Стивен Џонс го комплетираа изгледот на суперѕвездата.

Американската ѕвезда драматично ги отстрани костимските елементи за време на нејзиниот настап.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dior Official (@dior)

Нејзе ѝ се придружи и група од 10 танчери облечени во облека на Диор инспирирани од Одри Хепберн во хит филмот Сабрина од 1954 година.

Тешко болната канадска пејачка Селин Дион настапи на крајот на церемонијата. Таа ја изведе Hymne à l’Amour од Едит Пјаф од вториот кат на Ајфеловата кула, 125 метри над земјата. Нејзиниот настап беше нејзин прв настап по две години, од 2021 година, кога беше принудена да ги откаже плановите за светска турнеја поради нејзината дијагноза на ретка состојба – синдром на вкочанети мускули.

Легендарната пејачка за оваа пригода носеше креација од Диор, специјално дизајнирана за неа од Марија Грација Кјури. Белиот свилен жоржет фустан беше целосно извезен со светки и над 500 метри реси, начичкана со илјадници сребрени монисти кои треперат под рефлекторите.

За изработка на фустанот биле потребни дури илјада часа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dior Official (@dior)

Фустанот е изработен токму по мерката на ѕвездата со прецизно внимание на деталите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dior Official (@dior)

Слични објави

Докторите и предвиделе на Ведрана Рудан уште 3 месеци живот

Е.А.

„Ова не е нормално“: Синди Крафорд покажа како ѝ почнува денот, луѓето ужаснати

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova
Се вчитува....