5.8 C
Скопје
01:38 - 1 април, 2026

Џулија Робертс – жената која му заработи 962 милиони долари на Џорџ Клуни

Џорџ Клуни за нешто повеќе од 20 години заработил 962 милиони долари од една убава жена. И тоа не е неговата сопруга Амал. 

Во животот на Џорџ Клуни постои жена, а не е неговата сопруга Амал, која го направи богат и успешен човек, навистина и повеќе од богат, милионер, со вкупен профит од 962.000.000 долари, бројка предодредена да расте. Партнерството им трае повеќе од 20 години, а сега повторно се обединија во нови артистички (и финансиски) победи. Златната двојка Џорџ Клуни и Џулија Робертс на пат се да срушат нов финансиски рекорд со повторно оживување на нивната единствена магија. Се разбира, на филмското платно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Џулија Робертс е жената која на Џорџ Клуни му заработи огромна сума од 962 милиони долари. Со неа сними четири филма, од кои последниот, а на пат е петтиот – Ticket to Paradise, кој пристигнува во светските киносали во октомври.

Романтичната комедија Ticket to Paradise зборува за двајца поранешни сопружници кои прават се за да ја спречат нивната ќерка, која ја игра Кејтлин Девер, да ја направи истата грешка како нив со тоа што би се омажила премлада. Се уште не е познато колку се платени славните глумци за оваа улога но затоа е позната досегашната листа на заработка на златната двојка: За „Единаесетмината на Оушн“- 450 милиони долари, „Исповеди на еден опасен ум“ – 33 милиони, „Дванаесетмина на Оушн“ –  362 милиони, „Тајните на округот Осејџ“ – 74 милиони, Money Monster – 93 милиони. И сега го чекаме финансискиот „билет“ за рајот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....