07:09 - 7 март, 2026

ЏИМ КЕРИ згрозен од скандалот на Вил Смит: „Крис Рок требаше да го тужи Вил Смит за 200 милиони!“

Актерот Џим Кери е згрозен од овациите на публиката за Вил Смит на доделувањето на Оскарите кога неколку моменти претходно на сцената му удри шлаканица на комичарот Крис Рок.

Кери има завидна кариера на комичар, глумејќи од 90-тите.

Смит се соочи со огромни реакции откако го удри Рок „во живо“ за време на телевизискиот пренос на Оскарите, а потоа Смит се извини, додека Академијата иницираше формална истрага за ова прашање.

„Ме се слоши, ми беше лошо од стоечките овации. Холивуд е масовно без кичма и навистина се чувствував дека ова е навистина јасен показател дека ние веќе не сме кул клуб“, изјави Кери за Гејл Кинг од CBS.

Но, тоа не беше се, бидејќи познатиот актер на филмови како „Маска“ или „Ајс Вентура“ призна дека ако беше на местото на Рок веќе ќе го тужеше Смит за милионска сума!

„Би објавил утрово дека го тужам Вил за 200 милиони долари затоа што видеото ќе биде таму засекогаш, ќе биде сеприсутно. Таа навреда ќе трае многу долго. Ако сакате да викнете од публика и искажете неодобрување или ако кажете нешто на Твитер, тоа е во ред. Но, немате право да се качите на сцената и да удирате некого во лице затоа што нешто изговори“, рече Кери.

 

Слични објави

Снежана Савиќ, мајка со големо срце: „Бев фатална само за себе“

Еспресо

„Девојката со крилата“ објави дека го изгубила бебето: „Никому не би му посакала да го изоди истиот пат“

E.A.

„Се сакаме, ми готви секој ден“: Тигар првпат јавно проговори за врската со Јована Јеремиќ

apostolova

Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

Еспресо

„Почнаа контракции поради стресот, имаме финансиски проблем“: Српски пејач со бремената сопруга сè уште се заглавени на Тајланд поради конфликтот на Блискиот исток

Еспресо

Свршеницата на Лука Дончиќ ги избриша фотографиите со кошаркарот, фановите збунети – „Дали е готово?“

E.A.
Се вчитува....