17.8 C
Скопје
08:59 - 31 мај, 2026

Инстаграм фотографии од ЌЕРКИТЕ и љубовниците на руските олигарси СЕ КОРИСТАТ за лоцирање и замрзнување на нивните имоти!

„Тие не ги разбираат важечките безбедносни правила, ниту сите работи што луѓето можат да ги отркријат од една постирана фотографија на социјалните мрежи“ – вели поранешен офицер на ЦИА.

Фотографии на јахти, во луксузни вили, на имоти во планина или покрај море. Фотографиите објавени на социјалните мрежи од страна на семејствата на руските олигарски, се многу корисен материјал за оние кои се занимаваат со санкциите за руските олигарси, мерка која пристигна по почетокот на војната во Украина.

Инстаграм сосема се сврти против руските инфлуенсери. Убавиот лежерен живот до неодамна објавуван на социјалните мрежи денес станува истражувачки материјал за потрага на имотот на сопствениците. Десетици фотографии направени од ќерките и сопругите на тајкуните им помогнаа на истражителите да ги најдат луксузните јахти и бродови закотвени на различни пристаништа, но и гигантските имоти за да им стават пломби.

„Со една фотографија можете да откриете сè“

Впечатлив пример е Полина Ковалева која на социјалните мрежи го покажа својот живот во Лондон, живот како на принцеза. Поќерката на рускиот министер за надворешни работи Лавров, односно ќерка на неговата љубовница која исто така живее луксузен живот во Лондон, за неколку дена беше протерана од Велика Британија и лишена од целиот имот. Благодарение на фотографијата направена на јахтата на нејзиниот татко, и постирана на Инстаграм, било можно да се лоцира јахтата. Според Фајненшл тајмс, Ковалева купила стан од 4,4 милиони фунти во елитниот кварт Кенсингтон во Лондон во 2016 година, кога била 21-годишна студентка во Велика Британија.

Полина Ковалева, фото – твитер

Животна лекција, дури и ако олигарсите веќе го знаеја ова. За нив анонимноста не е интересна, како и за речиси сите супербогати. „За да бидеш инфлуенсер, треба да се покажеш“, вели Алекс Финли, поранешен офицер на ЦИА кој сега живее во Шпанија и се ангажира да ги пронајде јахтите на олигарсите. „Тие се под силен социјален притисок да го покажат своето богатство. Тие не ги разбираат правилата за безбедност, ниту сите работи што луѓето можат да ги разберат од една фотографија“, рече Финли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizaveta Dmitrievna (@lisa_peskova)

Поранешната сопруга на Сечин го „издаде“

За да се заплени „Аморе веро“, јахта вредна 120 милиони долари во сопственост на Игор Сечин, бил искористен профилот на Инстаграм на неговата поранешна сопруга. Бродот долг 281 стапки, кој може да прими 14 гости и 28 членови на екипажот, беше одземен од француските власти на почетокот на овој месец. Заедничката истрага на Проектот за известување за организиран криминал и корупција и независниот руски весник „Новаја Газета“ (сега затворен поради притисокот од Кремљ) објави извештај во кој ги поврзува фотографиите на Инстаграм објавени од шармантната втора сопруга на Сечин, Олга, на крстарење преку Медитеранот. Сечин и неговата нафтена компанија Роснефт, никогаш не потврдиле дека тој е сопственик на јахтата и ја тужел „Новаја Газета“.

Љубовницата го откри

Тука е и случајот со еден друг милијардер и неговата јахта – Олег Дерипаска, која пловела по норвешките води и каде рускиот тајкун имал тајни средби со високи руски функционери.Љубовницата на Дерипаска, Анастасија Вашукевич, постирајќи фотографии како позира на јахтата, ја открила и јахтата и нејзината локација. Иако Дерипаска негираше, сите информации од соцјалните мрежи беа искористени од Соединетите Американски Држави за санкционирање на милијардерот.

Слични објави

Хороскоп за 31 мај: Близнаците ќе привлекуваат со својот шарм, Стрелците ќе доживеат љубовна авантура

Еспресо

Дали го препознавате ова девојче? Денес е една од најатрактивните водителки

Еспресо

(Фото) „Најголемиот благослов“: Немања Гудељ со емотивна порака за роденденот на Анастасија Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Бутик „Прагма“ – омилен избор за жените кои сакаат впечатлив и софистициран изглед

apostolova

Анѓелка Прпиќ ослабела без гладување: Утрото го започнува со посебен пијалак, ова ѝ помогнало најмногу

Еспресо

„Бев смртно вљубена, а тој ме избегнуваше“: Мина Костиќ отворено за првата љубов

Т.Ц.
Се вчитува....