11.8 C
Скопје
15:53 - 29 март, 2026

Џиџи Хадид рече „не“ за врската со Леонардо Ди Каприо: „Многу го сака, но презафатен е за неа“

Instagram

Манекенката Џиџи Хадид не мисли да гради сериозна врска со актерот Леонардо ди Каприо, пишува Пејџ сикс.

Инсајдер за „Пејџ сикс“ изјавил дека 27-годишната манекенка одбила сериозна врска со 48-годишниот актер, бидејќи целосно се фокусирала на воспитувањето на нејзината ќерка, која ја родила од нејзиното поранешно момче, музичарот Зејн Малик.

„Лео и Џиџи навистина се сакаат, но ниту еден од нив не е подготвен за сериозна врска во моментов. Приоритетите на Џиџи се нејзината ќерка“, објаснил изворот кој е близок на парот.

Тој додаде дека на одлуката на Хадид влијае и презафатениот распоред на Ди Каприо.

„Џиџи едноставно нема енергија да трча по него. Неговиот ритам е премногу брз за неа“, вели инсајдерот.

Гласините за романсата на Џиџи Хадид и Леонардо ди Каприо првпат се појавија во септември оваа година, кога парот беше уловен од фотообјективите на папараците, додека Лео и Џиџи беа на забава на Модната недела во Њујорк. Потоа, актерот и манекенката неколку пати беа забележани заедно, но тие самите не ја коментираа нивната врска.

Слични објави

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо
Се вчитува....