14.8 C
Скопје
02:53 - 23 октомври, 2026

Џенифер Лопез остро реагира на негативноста околу нејзината криза со Бен: „Надвор некаде има толку многу љубов”

Џенифер Лопез остро ја критикуваше „негативноста“ на озборувачите во врска со нејзиниот брак со Бен Афлек кој продолжува да го тресат конфликтни гласини.

54-годишната ѕвезда се соочи со тешкотии и на професионалниот план и во нејзиниот личен живот бидејќи нејзината светска турнеја закажана за 2024 година беше откажана минатиот месец за да може да „биде со своето семејство“ поради слабата продажба на билети.

Но, ѕвездата најде светла точка, бидејќи нејзиниот нов акционен филм на Нетфликс, насловен Атлас, продолжува да се наоѓа на врвот на листата на најгледани, и покрај тоа што критичарите ѝ дадоа најлоши оцени за глумата.

Сега, обраќајќи им се на своите фанови преку нејзиниот билтен OnTheJLo, Џенифер напиша:

„Здраво на сите, штотуку дознав неверојатни вести и сето тоа е благодарение на вас!! „АТЛАС“ оваа недела повторно е број 1 во светот!!! Ви благодарам многу на сите!!!”

Навидум сакаше да го насочи вниманието на професионалните прашања, но сепак не можеше да ги заобиколи и чините, па таа продолжи:

„Можеби изгледа како да има многу негативност во светот во моментов… но не дозволувајте гласовите на неколкумина да ве задушат зашто надвор некаде има толку многу љубов.”

Џенифер е во брак со холивудскиот актер Бен од 2022 година, а парот се обедини повторно во 2021 година, откако се сврши во 2002 година, пред да се разделат во 2004 година.

Во последниве недели се појавија гласини дека врската е завршена, дека Бен е иселен од дома, а ѝ беа измејувани од критичарите за „воздушното бакнување“ за време на неодамнешното излегување со веќе отуѓениот сопруг. И двајцата повеќе не носат бурми на рацете, а кога и дали ќе се случи разводот, останува да почекаме и видиме.

Слични објави

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova
Се вчитува....