08:13 - 9 април, 2026

(Фото) Џенифер Лопез и Бритни Спирс во ист костим за капење, на која подобро ѝ стои хитот за лето 2022?

Двете ѕвезди облекоа ист костим за капење,а и двете се пофалија со костимот на социјалните мрежи. Костимот со секси дизајн и една прерамка (едноделен) е дизајниран од Норма Камали. Прво Бритни го облече во розова нијанса, а потоа Џеј Ло во бела. 

Но, прво да се вратиме неколку месеци наназад, поточно во јануари, кога Бритни постираше видео на Инстаграм на кое позира во розов костим за капење од Норма Камали, а носи и шик очила за сонце со бели рамки и високи потпетици.

Таа всушност прва го најави хитот на летната сезона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Костимот набрзо стана славен и почна „да шета“ од една до друга ѕвезда: дури и Џенифер Лопез – која во меѓувреме нè натера да сонуваме со нејзиниот моден изглед за време на медениот месец во Париз – не можеше да одолее пред овој костим. Всушност, таа дозволи да биде овековечена со истиот костим – само во бела верзија – за да го промовира новиот производ за тело на нејзината линија JLo Beauty.

Што да кажеме… овој костим изгледа како магнет за ѕвездите. И ако името Норма Камали ви звучи познато, тоа е секако затоа што поради неа постои легендарното парче од минатото, чудесниот црвен едноделен костим за капење со кој во 1976 година Фара Фосет позираше за постер кој стана легенда, способна да продаде 12 милиони примероци.

Слични објави

Хороскоп за 9 април: Вагите прават избор што носи мир, Овните конечно добиваат јасен знак

Еспресо

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.
Се вчитува....