7.8 C
Скопје
18:09 - 28 март, 2026

Џенифер Лопес и Бен Афлек продаваат мебел и антиквитети од нивниот имот: Дел од нив се веќе купени!

Глумците Лопес и Афлек ги ставија на продажба мебелот и антиквиттите од нивниот, до неодамна заеднички, дом.

Инсајдер од кругот на славните изјавил за Пејџ сикс дека Џенифер Лопес и Бен Афлек одлучиле да ги продадат уметничките дела, вклучително и слики, кои се наоѓале во нивниот заеднички дом во Лос Анџелес. Се наведува дека дел од антиквитетите биле купени уште на почетокот на јуни.

Во мај се појавија гласини дека Џенифер Лопес и Бен Афлек имаат сериозни проблеми во нивниот брак. Се известуваше дека глумецот се иселил од нивниот дом во изнајмена куќа која се наоѓа во близина на неговата поранешна сопруга, Џенифер Гарнер.

Покасно се дозна дека Џенифер Лопес и Бен Афлек ангажирале агент за продажба на нивниот дом, кој го купиле за 60 милиони долари минатата година. Сега, славните личности се надеваат да заработат околу 65 милиони од продажбата на имотот.

Кон крајот на јуни, Џенифер Лопес отпатувала на одмор. Пејачката беше забележана во Италија во друштво на пријатели. Истовремено, Бен Афлек остана во Лос Анџелес со своите деца.

Претходно беше известено дека Бен Афлек ги изнел последните лични работи од заедничкиот дом со Џенифер Лопес.

Слични објави

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

(Видео) „Е сега можам да умрам“: Здравко Чолиќ се симнал од сцената и го направил ова кога ја видел Милица Павловиќ

Еспресо

(Фото) Деколтето во прв план: Сека Алексиќ ги привлече сите погледи, па проговори за естетските зафати

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо
Се вчитува....