7.8 C
Скопје
19:40 - 12 март, 2026

Џенифер Анистон не сака „дволични“ комплименти: „Ме возат со онаа (грда) фраза!“

Глумицата Џенифер Анистон им се „налути“ на фановите од кои доби бројни комплименти за нејзиниот изглед, откако таа позираше без шминка, покажувајќи ги дури и седите влакна на косата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Но Џенифер Анистон се ежи на една најчесто користена фраза, и како што вели, таа реченица ја нервира до бескрај.

Предметната фраза е „изгледате одлично за вашите години“, и често е наменета како комплимент. Сепак, ѕвездата на „Пријатели“ (54) верува дека едноставно треба да се каже „изгледаш одлично во периодов“.

„Ме лизгаат на кора од банана. Ова не можам да го издржам“, изјави таа за британскиот Вог. „Тоа е навика во нашето општество, ги имаме тие фрази како: „Па, вие сте во таа фаза, така што за вашата возраст…“ . Јас дури и не разбирам што значи тоа“.

Меѓу другото, во интервјуто, Анистон сподели интересен детал за нејзиното позитивно искуство со физикалната терапија, но и дека усвоила побалансиран пристап кон фитнесот. Како што вели, таа се свртела кон програмата за домашно вежбање со помал интенизтет „Pvolve“ за да ја одржи својата форма без ризик од прекумерно оптоварување. Програмата не само што ѝ помогнала да одржи убава фигура, туку и значително ѝ го зголемила нивото на енергија.

Анистон сега смета дека Crossfit е премногу агресивен за неа, како и боскувањето кое до неодамна го практикувала. Новата спортска практика наречена „Пволве“, според неа, „ја менува играта“. Со оваа програма за вежбање, таа повеќе не доживува екстремен замор или болка.

Всушност, Анистон стана толку посветен фан на Пволве програмата што и официјално се приклучи на тимот. Прифаќањето на побалансиран и одржлив пристап кон фитнесот не само што го трансформираше нејзиното тело туку и ја подобри целокупната благосостојба – нагласува таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

 

 

Слични објави

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо
Се вчитува....