16:06 - 29 јануари, 2026

Џенан Лончаревиќ го покори и Сараево: Преполната „Скендерија“ со пејачот пееше три часа во еден глас

Џенан Лончаревиќ викендов одржа целовечерен солистички концерт за паметење во  сараевска „Скендерија“, а по спектаклот изјави дека тоа е еден од најдобрите концерти што ги одржал, додека многумина од присутните рекоа дека тоа е пак еден од најемотивните концерти на кои присуствувале.

Обожавателите на неговите песни вистински уживаа во тричасовниот концерт на кој тој изведе само дел од неговите хитови. На отворањето на настапот, со кој уште еднаш докажа дека е еден од најдобрите вокали во регионот.

На отворањето на концертот, со кој уште еднаш докажа дека е еден од најдобрите вокали во регионот, ја отпеа: „Све мое љубави“, а потоа на репертоарот беа „Лоши години“, „Кад оставе те сви“, Лауфер“…

Публиката во еден глас ги пееше и хитовите „Путничка“, „Добра ноќ“, „Верувај брат ти“, „Пијеш сине“, „Никоме ни реч“…

Воодушевената обожаватели не сакаа да ја напуштат полната Скендерија враќајќи го Џенан на бис, при што тој ги изведе нумерите: „Љубим у пролазу“, „Рано црна“, „Ти амо“…

Специјални гости на концертот беа Пеѓа Меденица, кој ја воодушеви публиката со хитовите „Доѓеш ми у сан“ и „Чисто да знаш“, и Дадо Полумента со кој Лончаревиќ го отпеа дуетот „Онаа што нема“ и Амил Лојо.

Публиката презадоволна си замина од Скендерија, посакувајќи да не чека повторно единаесет години на следниот голем концерт на Џенан Лончаревиќ, кој пак пресреќен од посетеноста и приемот на публиката изјави:

„Се чувствувам возбудено и среќно. Благодарам, Сараево. Атмосферата беше феноменална. Ова е концерт кој дефинитивно ќе го паметам до крајот на мојот живот. Слободно можам да кажам дека ова е мојот најдобар концерт. Музиката е дел од мојот живот и битие, а кога имаш ваква публика, се е лесно. Ќе и останам верен на Скендерија и повторно ќе се вратам со душа и срце како што тие ме прифатија“-  рече гордиот Џенан.

Слични објави

(Фото) Дали е сè во ред со бракот на Реља и Николија? Пејачот фатен на пат кон аеродромот со непозната девојка

Еспресо

(Фото) „Ќе родам син спортист“: Јована Јеремиќ се пофали како изгледа нејзиното тело по редовен тренинг и здрава исхрана

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ во хотелска соба со мистериозен маж: Објава што ги запали социјалните мрежи!

Еспресо

(Фото) Тродневна потера по Наташа Беквалац: Што прави пејачката кога мисли дека никој не ја снима?

Еспресо

(Фото) Дали ги препознавате? Исплива фотографија од „Ѕвездите на Гранд“, стара речиси 20 години

Еспресо

Познатите се собраа на големата прослава кај Огњен Амиџиќ: Наздравуваат од срце за малата Лола

Еспресо
Се вчитува....