9.8 C
Скопје
03:09 - 4 април, 2026

Џејмс Корден се огласи откако беше исфрлен од ресторан: „Не направив ништо лошо“

Неколку дена откако сопственик на ресторан во Њујорк го нарече „кретен“ и му забрани влез во неговиот ресторан поради непристојно однесување кон персоналот, Џејмс Корден конечно јавно проговори за инцидентот.

Корден разговараше со новинарот на „Њујорк Тајмс“, Дејвид Ицкоф, за неговата претстојна минисерија „Mammals“, но патем тие ја спомнаа и непријатната ситуација за која се зборува последниве денови.

Ицкоф бил изненаден што водителот воопшто сакал да прави интервју со оглед на ситуацијата во која се наоѓал.

-Не направив ништо лошо, на ниту едно ниво. Зошто би го откажал ова? Јас бев таму. Разбирам. Се чувствувам „зен“ за целата работа бидејќи мислам дека тоа е толку бесмислено, рече тој.

Новинарот потоа го праша дали е тешко да се справи со коментарите на социјалните мрежи, но Корден рече дека не обрнува многу внимание на тоа.

-Веројатно ќе треба да зборувам за тоа во мојата емисија во понеделник. Моето мото е „никогаш не објаснувај, никогаш не се жали“, но веројатно за ова ќе морам да зборувам, додаде тој.

Џејмс Корден исфрлен од ресторан во Њујорк „Тој е многу талентиран комичар, но исто така и кретен“

Џејмс Корден исфрлен од ресторан во Њујорк: „Тој е многу талентиран комичар, но исто така и кретен“

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....