14.8 C
Скопје
12:39 - 16 март, 2026

ЏЕЈМИ ЛИ КЕРТИС ПРОЗБОРЕ ЗА ПЛАСТИЧНАТА ХИРУРГИЈА: Ништо не ми помогна

ЏЕЈМИ ЛИ КЕРТИС

Актерката Џејми Ли Кертис зборуваше за опасностите од пластичната хирургија, како и за наметнатите идеали за убавина. 62-годишната актерка не само што сведочела за тоа преку социјалните мрежи, туку и го почувствувала на своја кожа, пренесува „Fast Company“.

Џејми Ли Кертис
Фото: EPA-EFE/PAUL BUCK

„Денешниот тренд со филери, операции и опсесија со филтрирање фотографии, се што правиме за да го прилагодиме изгледот на Зум, едноставно брише генерации и генерации убавина“, рече таа и продолжи, „Откако ќе направите нешто на лицето, не можете да го поправите. Пробав пластична хирургија и не ми помогна. Поради неа, станав зависна од апчиња Викодин. Сега сум чиста полни 22 години“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lee Curtis (@curtisleejamie)

Џејми неодамна зборуваше за зависноста од алкохол и апчиња, кои почнала да ги пие по операцијата на очите.

„Имам природно отечени очи. Ако ги погледнете моите фотографии од детството, изгледам како да не сум спиела. Отсекогаш сум била таква. Ја снимивме сцената во судницата, со високо поставено флуоресцентно осветлување. Зачекорив на сетот и камерманот рече: „Денес не ја снимам. Очите ѝ се премногу подуени“. Бев преплашена и толку засрамена што по снимањето отидов на рутинска операција за отстранување на вреќичките“, објасни актерката и додаде дека била и на ботокс и на липосукција, но дека ништо не ѝ помогнало.

Слични објави

Цел ден клекни-стани: Сузана Гавазова откри како ја одржува формата

msp-admin

Рене Биторајац, главниот актер од „Свадба“ се јави со необична порака од Лондон

msp-admin

(Видео) Рада Манојловиќ ужива со новиот дечко: Тој е во зрели години, истетовиран и зад себе има еден брак

Еспресо

(Фото) Блага Петреска со емотивен спомен за близок човек кој веќе не е меѓу нас

msp-admin

Момче од Македонија секоја година доаѓа на гробот на Ксенија Пајчин во Белград

msp-admin

Мојот живот доби вистинска смисла: Лична приказна на Адријана Алачки

msp-admin
Се вчитува....