-0.2 C
Скопје
07:01 - 11 март, 2026

Детали за здравствената состојба на Берлускони: Има проблеми и со рбетниот мозок, како и со белите дробови, хемотерапијата е во тек…

Силвио Берлускони започнал хемотерапија за да се бори против формата на леукемија која го погодила и го принудила да биде хоспитализиран на одделението за интензивна нега во миланската болница Сан Рафаеле, дознава италијанската информативна агенција Анса.

Првата хемотерапија била извршена вчера, по хоспитализацијата. Неговата состојба наводно е стабилна.

Берлускони вчера утрото бил итно хоспитализиран поради кардиоваскуларни проблеми, а ситуацијата станала уште посложена поради појавата на белодробна криза поради која бил примен на интензивна нега.

Без разлика дали е потврдена хипотезата за леукемија или не (не е потврдена од медицинско лице за медиумите), проблемите со срцето и белите дробови се во центарот на медицинскиот билтен на Силвио Берлускони, а се однесуваат и на претходните патологии, односно на други здравствени проблеми кои поранешниот премиер на Италија ги имал во минатото.

Во 2016 година, всушност, лидерот на Форца Италија беше подложен на операција на отворено срце за замена на аортната валвула, додека во 2020 година, по инфекцијата со Ковид-19, Берлускони страдаше од тешка пневмонија која ги оптоварила неговите бели дробови.

Сега овие нови проблеми повторно го вратија Берлускони на интензивна нега, а познато е дека освен со белите дробови има и сериозни последици на ‘рбетниот мозок.

„Форца Берлускони“ – гласи поддршката од бројни Италијанци кои го охрабруваат на социјалните мрежи.

Се очекува да се одржи прес-конференција во текот на денот, можеби од главниот лекар на болницата Сан Рафаеле, Алберто Зангрило, со цел да се дадат официјални информации за здравствените состојби на Силвио Берлускони.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....