5.8 C
Скопје
07:08 - 1 април, 2026

Детали за врската на Игор Којиќ и убавата српска глумица Теодора Бјелица: „Бившиот на Северина ќе искешира 3.000 евра само на сместување“

Поранешниот сопруг на Северина, Игор Којиќ и убавата српска глумица Теодора Бјелица се нов пар кој го привлекува вниманието на јавноста, а сега се објавени и детали од нивната љубовна врска.

– По разводот Игор не ни размислуваше за љубов. Можеби ниту една друга девојка не го привлекла толку многу за да се заинтересира како за Теодора. Само кога ќе ги погледнеме од страна, ќе видиме дека се навистина среќни. Иако се само на почетокот на врската, функционираат како да се познаваат многу подолго. Целосно се препуштени на моментот, не ја симнуваат насмевката од лицето кога се заедно, отворено зборуваат за се. Тој буквално „одлепи“ по неа – изјавил извор близок на Игор за српски Блиц.

Игор и Теодора моментално уживаат на Копаоник, а биле видени заедно на повеќе места, како и во ресторан.

– Некако „кликнаа“ на прва, што се вели. Се разбираат и меѓу нив нема кавги. Сложни се и се оди многу глатко засега. Ова е нивниот прв заеднички одмор, каде поминуваат 24 часа заедно и таму се најдобро се гледа. Игор не штедеше пари за да ѝ угоди на Теодора. Зеде хотел во кој ноќевање чини повеќе од 300 евра. Веројатно само за сместување ќе искешира околу 3.000 евра, додека не штеди ни кога е забавата во прашање – додава изворот.

Теодора ја сметаат за една од најубавите српски глумици. А Игор претходно беше во брак со Северина.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....