14.8 C
Скопје
13:35 - 29 март, 2025

Детали за монструозното злосторство во Србија: Жена цела ноќ ја режел со нож, па потоа ја силувал

Мажот Љуба Н.(32) е уапсен поради сомнение дека на 16 март во село Радоево кај Зрењанин, Србија, провалил во куќата на соседката (68), која најпрвин ја претепал, потоа ја полевал со вода и ја мачел со часови, а на крајот ја силувал и ја ограбил.

Како што дознаваат српските медиуми, лисици биле ставени и на неговиот млад братучед (17), кој учествувал во монструозното насилство, но не и во силувањето.

Злосторството се случило вечерта, кога пред куќата на жената наводно осомничените биле донесени од двајца соучесници, по кои полицијата трага.

-Жената живее сама во куќата, а тоа го знаеле осомничените бидејќи и се соседи. Прво почнаа брутално да ја удираат со раце и нозе, заканувајќи и се дека ќе ја заколат и ќе ја остават без ништо – вели извор за српски „Ало“.

Како што додава изворот, постариот осомничен потоа отишол чекор понатаму.

– Ја соблекол жртвата и со нож и изрежал иницијали на телото. Жената врескала и повикала помош, но никој не ја слушнал. Тоа траеше речиси цела ноќ – додава соговорникот на „Ало“.

На помош ѝ пришол соседот Бојан Фелбаб кој за „Ало“ вели дека нашол страшна глетка.

– Соседот кој живее од другата страна ме разбуди еден ден подоцна во шест часот наутро. Нападнатата соседка дојде кај мене и видов страшна глетка. Беше завиткана во ќебе, а насекаде имаше крв. Ми рече да се јавам на соседот кој се грижи за неа и кој нормално и помогнал и ја однел во болница. Токму тој повика полиција и Брза помош – изјави Фелбаб.

Полицијата веднаш привела двајца осомничени, додека потрагата по двајцата од автомобилот се уште трае.

Жената била пренесена во болницата во Зрењанин каде и биле констатирани бројни повреди. Лекарите со детална анализа подоцна утврдиле дека била силувана.

На осомничениот Љуба Н., му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде сослушан во Вишото јавно обвинителство Зрењанин. Малолетникот пак, е изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Зрењанин.

Патем, како што дознава „Ало“, Љуба Н. бил во затвор во Романија.

Слични објави

Се превртувам кога ќе го видам тоа на маж! Јована Јеремиќ им одржа лекција на гостите во студиото!

Еспресо

(Фото+видео) Маја Николиќ шокира со новиот изглед: Пејачката целосно се трансформираше, има нова боја на косата

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Лавовите ќе имаат проблем со пари, Девиците ќе потонат во монотонија со партнерот

Еспресо

На Вики Миљковиќ ѝ почина братот, Цеца не се одвојува од пријателката на која ѝ е и кума

Еспресо

(Фото) Војаж раскина со девојката и објави шокантна фотографија: Раперот конечно се изјасни за згодната бринета!

Еспресо

(Фото) По 18 години се вратија во „Гранд“, само Милан Станковиќ не дојде: Вака ќе му оддадат почит на Саша Поповиќ во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо
Се вчитува....