17.8 C
Скопје
12:01 - 12 октомври, 2026

Десет години љубов со Ивана: Пејачот Дарко Илиевски слави годишнина од бракот

Македонскиот пејач Дарко Илиевски, кој долги години живее и работи на Флорида во САД, има убав повод за славење. Тој и неговата сопруга Ивана прославуваат десет години од бракот, а пејачот по тој повод сподели романтична фотографија на Инстаграм со песната „Моје си небо“ од Џејла Рамовиќ, потсетувајќи се на нивните заеднички почетоци.

Ивана, со која пејачот стапи во брак во 2016 година, е ќерка на познатиот струшки диџеј и музички менаџер Славе Ќелешовски, познат како диџеј Крејзи Славе. Ќелешовски со децении е присутен на музичката сцена, а во минатото организирал концерти на големи регионални ѕвезди. Тој исто така живее на Флорида и повремено со својот зет Дарко организира забави за балканските иселеници во Америка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darko Ilievski (@ilievskidarko)

Дарко и Ивана се родители на две деца, синот Матео, кој деновиве го прослави седмиот роденден, и двегодишната ќерка Ана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darko Ilievski (@ilievskidarko)

Пејачот, кој пред заминувањето во Америка беше еден од најпопуларните млади изведувачи на македонската поп-сцена, остана запаметен по хитовите „Бори се за неа“, „Да ти биде срам“ и особено по дуетот „Едно тело“ со групата ДНК, песна која и денес се слуша.

Иако музиката му донесе голема популарност во Македонија, Илиевски во Америка се посвети и на друга професија. Работи во компанија за комерцијална кујнска опрема, а паралелно настапува на забави за македонската и балканската дијаспора.

Во изминатите години тој привлече внимание и со големата физичка трансформација. Откако поради здравствени проблеми завршил во болница, успеал за десет месеци да ослабе дури 65 килограми, од 152 на 87 килограми. Тогаш отворено зборуваше за предизвиците со кои се соочил по преселбата во Америка и за промените што морал да ги направи во животот.

Но, изминатата година за Дарко беше особено тешка на приватен план. Во август 2025 година го загуби татка си, а само неколку месеци подоцна, во декември, почина и неговата мајка.

„Почивај во мир, татко мој. Ти беше мојот најголем пример за сила, чесност и борба. Секогаш ќе ја паметам твојата добрина и твојата жртва за нас. Засекогаш ќе ми недостасуваш“, напиша Илиевски кога се прости од татка си.
Особено трогателна беше и неговата порака по смртта на мајка му, кога ги повика сите што сè уште ги имаат своите родители да им кажат колку ги сакаат, додека имаат можност за тоа.
По тешкиот период исполнет со семејни загуби, годишнина е убав повод за пејачот да се потсети на љубовта што ја гради со Ивана веќе цела деценија.
Илиевски и претходно јавно ѝ изјавуваше љубов на сопругата. За нејзиниот роденден во мај годинава напиша дека е најубавата жена во неговиот живот и ѝ се заблагодари за љубовта, поддршката и трпението, како и за семејството што го создале заедно.

Слични објави

Јелена Карлеуша за случајот со Јаков Јозиновиќ: „Ако на нашите пејачи им забрануваат концерти, треба да возвратиме со иста мера“

К.С.

Силви Плевнеш за тешките моменти: Имавме финансиски проблеми додека ќерката беше во Холандија

Еспресо

Јаков Јозиновиќ предизвика реакции во Србија поради песна од Томпсон, дел од јавноста бара бојкот на концертите

К.С.

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

Нова диплома за Марија Панчева: Ќерката на Маја и Дарко го заврши и вториот факултет

Еспресо

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо
Се вчитува....