6.8 C
Скопје
20:45 - 11 март, 2026

Денес во 17 часот покрај клупата на Горан Стефановски: Низ дружење да се потсетиме на моментите од животот и делата на големиот драматург

Покрај клупата на Горан Стефановски во Дебар Маало, проследено со тивка акустична музика од бендот „Amniotic Fluid“, на 14 декември, со почеток во 17 часот, ќе се одржи настан на кој ќе бидат вклучени сијаличките во паркот и симболично ќе му биде оддадена почит на Горан, а по повод 70 години од неговото раѓање.

Настанот е организиран од Делегацијата на ЕУ и „Јуроп хаус Скопје“ и ќе биде повод низ дружење и неформален разговор да се потсетиме на моментите од животот на Горан Стефановски и неговите дела.

На собирот ќе се обрати амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Дејвид Гир, а кон Горановиот живот и дело ќе се осврнат членови на неговото семејство, како и авторот Иван Антоновски, познавач и промотор на делото на Горан.

Паркот, покрај ЛЕД и соларните сијалички, ќе биде украсен со рачно изработени сувенири од природни материјали, а на секој од нив ќе биде испишан цитат на Горан Стефановски, на сите европски јазици.

„Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се сржта на нашиот живот, ’рбетот на нашиот идентитет“, е цитатот од Горан Стефановски.

Преводите на цитатот беа обезбедени во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, пријателите на Горан и колегите од Делегацијата на ЕУ.

Во случај на неповолни временски услови, неформалното дружење по обраќањата ќе биде преместено во Театарот на сенки и облаци, до гостилница „Наџак“ во Дебар Маало.

Слични објави

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо
Се вчитува....