9.8 C
Скопје
13:43 - 27 март, 2026

Дара Бубамара му купила на синот стан од 500.000 евра, еве во кој европски град се наоѓа луксузниот имот

Дара Бубамара го израдува својот син за 17-ти роденден со луксузен часовник од брендот „Audemars Piguet“, а сега заедно со нејзиниот поранешен сопруг Милан Кесиќ, таа купи луксузен имот за Коста.

Според извори блиски до семејството, станот се наоѓа во еден од најубавите делови на француската престолнина, во мирна и престижна област, позната по своите елегантни згради, паркови и близина до бројни културни објекти.

Модерно е опремен, со големи прозорци, пространа дневна соба и прекрасен поглед. Очигледно е дека Дара сакала нејзиниот син да има безбедно место во еден од најубавите градови во Европа.

– Константин навистина израсна во прекрасен млад човек. Тој е образован, културен и многу посветен на своето семејство. Дара е исклучително горда на него, исто така и Милан. Овој стан е всушност нивни начин да му покажат колку веруваат во него и колку се горди на она што тој станал – рекол извор близок до семејството за „Курир“.

Како што наведува, идејата за купување стан во Париз се родила по едно од нивните заеднички патувања во Франција, каде што Милан вообичаено живее и работи. Дара отсекогаш го сакала Париз и често велела дека тоа е град каде што се чувствува убаво. Кога забележала колку нејзиниот син е возбуден за тој град, почнала да размислува еден ден да му обезбеди имот таму.

– Дара често вели дека најголемиот успех во животот е одгледување дете кое ќе биде добра личност. Таа мисли дека Константин е токму таков, ги почитува своите родители, вреден е и скромен. Токму затоа решила да го направи среќен на овој начин – додал изворот.

Станот што го купиле, според упатените, се наоѓа во елегантна зграда и се простира на неколку десетици квадратни метри. Ентериерот е уреден во модерен стил, со комбинација на луксуз и минимализам.

Слични објави

„На таа љубов не се навраќам често“: Теа Трајковска откри интимна приказна

Еспресо

Луна Ѓогани ѝ се обрати на Анастасија по години молк: „Можеби и јас ја повредив“

Еспресо

(Фото) Биба Додева во сексапилно издание, ваква не ја знаеме

Еспресо

Каспер „копа“ по минатото на Мина Костиќ: Побарал фотографии од сестра ѝ во Белгија

Еспресо

Јордан Митев сподели убави вести: Конечно се случува!

msp-admin

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо
Се вчитува....