16:29 - 2 април, 2026

Данскиот принц Јоаким проговори по одлуката на кралицата Маргрета кон неговите деца: Тие се во ситуација која не ја разбираат

Данската, но и светската јавност беше изненадена од потегот на данската кралица Маргрета Втора, која на своите внуци им ги одзеде кралските титули.

Сега за се проговори нејзиниот син, принцот Јоаким (53), кој откри дека не знаел дека тоа ќе се случи. Без титула останаа неговите четири деца. Јоаким е во брак со принцезата Мари (46) од 2008 година и ги имаат ќерката Атена (10) и синот Хенрик (13). Пред неа тој беше во брак со Александра, грофицата од Фредериксборг (58), со која ги добија синовите Николај (23), кого го нарекуваат најзгодниот принц на светот и Феликс (20).

Бидејќи нејзиниот постар син, престолонаследникот Фредерик (54) ќе ја преземе круната од неа, Маргрете одлучила дека нема смисла децата на нејзиниот помлад син Јоаким, кој е шести по редот за тронот, да имаат кралски титули. Одлуката беше објавена во средата, а Јоаким ја коментираше еден ден подоцна.

– Сите сме многу тажни. Никогаш не е забавно да гледаш како твоите деца ги третираат лошо. Тие се во ситуација што не ја разбираат. Во мај ми беше претставен план што во основа најавуваше дека децата ќе ја изгубат титулата кога ќе наполнат 25 години. Атена во јануари ќе наполни 11 години, додаде тој – рече тој.

Принцот Николај, принцот Феликс, принцот Хенрик и принцезата Атена веќе нема да бидат принцови и принцези од следната година. Наместо тоа, тие ќе ги користат титулите гроф или грофица и од следната година нема да бидат нивни височества, туку нивни екселенции.

Во соопштението на данската кралска куќа се вели:

„Одлуката на кралицата е во согласност со слични прилагодувања што другите кралски куќи ги направија во последниве години. Кралицата сака да создаде рамка за четирите внуци за да можат да ги обликуваат сопствените животи во многу поголема мера без да бидат ограничени од посебните размислувања и должности што ги носи формалното членство во данската кралска куќа како институција“.

Слични објави

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо
Се вчитува....