13:20 - 2 април, 2026

ДАНИЈЕЛА ВО БУРА ОД ЕМОЦИИ: Најубаво е да се биде девојченце на својот татко

Хрватската популарна пејачка Данијела Мартиновиќ предизвика бура од емоции со својата објава на Инстаграм, каде упати посебно нежни зборови на својот татко кој денес слави роденден.

„Тато, среќен ти роденден! Мојот татко пред неколку години ми приреди изненадување кое не може да се заборави…

Дојде сам, ненајавен и цел ден ме чекаше во публика за да ме чуе, за моето срце да го почувствува неговото додека ја зборувам приказната на својот живот. Ме гушна, видов – горд е, премногу горд – се воздржав од солзи.

Ми рече: Душо, јас веднаш се враќам во Сплит.

– Но, како тато, па полноќ е, уморен си, цел ден си тука, не се зафркавај, преноќи, те молам.

А тој ми вели со насмевка, секогаш со насмевка: „ Душо (секогаш така ме вика, кој го ферма името тоа е само симбол), си оди тато, имам утре работа, те видов и те слушнав тоа ми е најважно“.

Тоа се вика љубов на дело – за тоа се пишува и прикажува кога се вели дека најубавите нешта немаат цена. Ако некој повторно ме праша: “Кога ти мислиш да пораснеш?“, сега знам – никогаш. Најубаво е да се биде девојченце на својот татко“, заклучи во својата објава сплитската пејачка, постирајќи и прекрасна фотографија.

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....