6.8 C
Скопје
08:16 - 30 март, 2026

Данијела Мартиновиќ откри со што ја освоил полицаецот Јосип: „Сè се случува во вистинско време“

Во новата епизода на хрватски „Ин магазин“ во четвртокот, пејачката Данијела Мартиновиќ (51) проговори за новата песна „Им верувам на луѓето“ за која пред неколку дена објави видео.

Таа откри и како ја освоил нејзиното ново момче, загрепскиот полицаец Јосип Плавиќ.

– Од првиот момент кога Зоран Мишолонгин ми ја донесе песната да ја слушнам, веднаш ми звучеше како некаква ода за луѓето, односно за доброто што живее во срцата – изјави Данијела.

Првата средба со нејзиното ново момче Јосип се случила, вели таа, пред една година кога на интернет и го украле идентитетот. Ангажирала адвокат бидејќи првпат наишла на вакво искуство, а адвокатот и рекол дека случајот мора да го пријават во полиција. Случајот дошол до бирото на Јосип, и брзо бил разрешен, а потоа почнала да се развива нивната приказна.

Даниела верува дека се се случува во вистинско време, а открива и со што Јосип ја освоил.

– Тој е навистина посебен, различен, неговиот поглед на животот, да речеме, многу се однесува кон луѓето, тоа навистина никогаш не сум го видела или многу ретко. Кон обичните луѓе. Тој е љубезен, пресретлив, посебен. Сега се збунив, јас не знам како да зборувам за тоа – рече таа.

Рече и дека Јосип е љубител на музика, а понекогаш знае и нешто да ѝ отсвири.

– Имаше свој бенд 16, 17 години, „Изван закона“, дури и компонираше. Свиреше на гитара. Значи има големо искуство во музиката – откри Данијела.

 

Слични објави

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova
Се вчитува....