10.8 C
Скопје
21:59 - 3 април, 2026

Данијела Мартиновиќ ќе објави роман со автобиографски делови: Светот и јавноста видоа нешто друго

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ есенва ќе објави книга со, како што рече, многу автобиографски детали. Секој читател многу добро ќе знае кои моменти се автобиографски и реални.

„Навистина е проткаена со тие автобиографски моменти и всушност моите искуства од мојот живот низ кои поминав додека светот и јавноста гледаа нешто друго“, изјави Данијела за ИН Магазин.

По долга пауза, пејачката во јули повторно ќе се искачи на сцената на Сплитскиот фестивал и ќе настапи со песната „Фортуната“.

– Кога пред два-три месеци и кажав на сестра ми Изабела дека имам песна и дека годинава ќе одам на Сплитски фестивал, таа беше пресреќна. Дојде дома и ѝ кажа на мајка ми, а потоа мајка ми загрижено ја погледна и рече: ‘Навистина?’ Што мислите, дали ќе ја примат на фестивалот?’ Се смеев половина час, а потоа му реков на Томислав Мрдуљаш: „Томо прво, ќе одам да и кажам на мама дека ме прими на фестивалот“ – раскажа Данијела во емисијата Добар ден, Далмацијо.

На својот инстаграм-профил откри каков фустан ќе носи на овогодинешниот Сплитски фестивал. Станува збор за долг бел фустан кој потсетува на венчаница и е рачно насликан со детали од Сплит. Заедно со фотографијата од фустанот, Данијела сподели и на што се однесуваат деталите.

– Некои од моите најубави спомени – напиша таа во описот на објавата.

Слични објави

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.
Се вчитува....