17:53 - 27 август, 2026

Борш: Направете супа, а не војна! Еве го рецептот за омилената супа на Украинците

Борш е супа која доаѓа од Украина, а денес стана дел од светското наледство на Унеско. Борш е супа од месо и зеленчук, со типична килибарна црвена боја. Бојата ја дава една од главните состојки на овој рецепт: цвеклото.

По потекло од Украина, боршот се проширил во поголемиот дел од Источна Европа, а има и германска верзија. Тоа е супа со многу посебен вкус што треба да се сервира придружена со кисела павлака и копар.

Состојки за Борш

Цвекло 1 кг
Свинско месо 400 гр
Кисела зелка 400 гр
Моркови 2
Домати 2
Кромид 1
Каранфилче и лукче 1
Екстра девствено маслиново масло 4 лажици
Сол по вкус.

За супата
Пилешко (најодбро гради) 1
Говедско месо 400 гр
Кромид 1
Моркови 1
Целер 1
1 гранче магдонос
Зрна црн пипер – 10

За послужување
Павлака 400 гр
Копар 1 гранче

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simple.food.s (@simple.food.s)

Подготовка

Започнете со подготовка на супата почнувајќи прво од подготовката на таканаречениот борш: префрлете пилешкото во големо тенџере и вклучете го огнот за да се вари. Во меѓувреме, подгответе го зеленчукот: излупете го кромидот, морковот и целерот,  а потоа исечете го зеленчукот на мали парчиња и додајте ги во тенџерето со пилешко. Додадете и едно гранче магдонос.
Наполнете го убаво садот со вода, најмалку неколку литри вода. Додадете го парчето говедско месо, зачинете со сол; покријте со капак и варете најмалку еден час.

Црвеното цвекло сварете го во друго тенџере полно со вода.

Одмастете ја супата, филтрирајте ја и оставете ја на страна. Парчето говедско месо одмастете го и поделете го на ситни парчиња и исто така оставете го на страна.

Сега, ситно исечкајте го кромидот и пропржете го во дарежлива количина масло во тенџере од леано железо, ако е можно. Излупете го и сечкајте, и додадете го лукот во тенџерето. Одмастете го и исечете го свинското месо на парчиња со големина на залак и додадете го во тенџерето за рамномерно да зарумени.

Свареното говедско месо исечете го на ситни парчиња и додајте ги во тенџерето од леано железо. Морковите исчистете ги и исечкајте ги и исто така додајте ги во тенџерето. Додадете ја супата и неколку лажички од сварената вода со цвекло. Свареното цвекло исечкајте го и додадете го во тенџерето со останатите состојки. Додадете ја и киселата зелка исечкана. Измијте ги, исечете ги доматите на коцки и додајте ги во тенџерето. Покријте и варете го боршот уште 40 минути.

Послужете го боршот топол, а сревирајте го со гранче сечкан копар и лажица кисела павлака.

Типичното украинско јадење Борш стана светско наследство на УНЕСКО

Слични објави

Мелина Џиновиќ направила скандал во Монте Карло поради чанта во престижен бутик: „Почна да вика, колешката поради голем стрес мораше да земе боледување“

Т.Ц.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Што е перзистентниот форамен овале

Еспресо

Љубовни искри од сцената: Анета Љумаковска со сопругот на „Охрид фест“ – песната „Срцево те бендиса“ веднаш влегува во уво

Еспресо

Богатството на Доли Партон се проценува на 450 милиони долари: Кој ќе ја наследи империјата?

Т.Ц.

Нина Бадриќ донираше дел од хонорарот на семејство кое изгуби сè во пожарот во Омиш

apostolova

Маја Вукиќевиќ објави фотографија со Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски: „Легенди кои вечно ќе живеат во нашите спомени“

Еспресо
Се вчитува....