08:12 - 4 април, 2026

Да ја номинираме најуспешната жена во Македонија – Мајлинда Брегу повикува да направиме ибор до 28 февруари

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу денеска изјави дека започнаа номинациите на кандидатите за наградата Жена претприемач од Западен Балкан за 2022 година.

РЦЦ ги покани сите заинтересирани до 28 февруари да номинираат жена претприемач на годината во една или повеќе категории – жена еколошки претприемач, креативна жена претприемач, жена претприемач во туризмот, жена претприемач Ромка, жена стартап претприемач и млада жена претприемач.

Намерата на иницијативата е да се оддаде „скромно признание на храбрите и силни жени кои се осмелиле да се борат против стереотипите и да донесат промени“ и дека придонесот на жените претприемачи е клучен за напредокот на Западен Балкан.

Оваа награда е воспоставена минатата година за жени претприемачи на годината од Западен Балкан како дел од својата програма за економско зајакнување на жените во рамките на Акцискиот план за заеднички регионален пазар 2021-2024 година.

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....