15:37 - 1 април, 2026

„Цела ноќ беше агресивен и кажуваше ужасни работи“ – Ендрју Тејт обвинет за силување

Британка го обвини контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт за силување и закани.

Таа тврди дека пред девет години Тејт ја гушел за време на секс додека не изгубила свест. Жената тврдела дека Тејт продолжил да има секс и покрај тоа што таа била во несвест, пишува Би-Би-Си.

Жената, која во тоа време имала 20 години, вели дека првпат го запознала Тејт на социјалните мрежи во август 2014 година. Рекла дека се согласила да има секс со инфлуенсерот, но дека чинот брзо преминал во насилство.

Тејт ги негира обвинувањата, а неговиот портпарол рече дека Тејт не одобрува насилство од каков било вид врз жените и дека сите сексуални дејствија во кои тој учествувал биле консензуални.

Британката за Би-Би-Си изјавила дека го запознала Тејт во бар во Лутон во 2014 година кога таа била студентка, а тој вратар во ноќен клуб. Таа вели дека имала секс со Тејт и еднаш пред инцидентот.

„Ми ја стави раката на вратот и ме гушеше. На почетокот ми беше малку збунувачки, а кога си дојдов при себе видов дека Тејт се уште има секс со мене“, рекла Британката и додала дека Тејт се заканувал дека ќе ја убие се додека следното утро не го напуштил нејзиниот стан.

„Постојано велеше: „Јас те поседувам, ти ми припаѓаш мене“. Цела ноќ беше прилично агресивен и кажуваше ужасни работи. Следниот ден белката на едното око ми беше целосно црвена“, рекла 30-годишната жена.

Тогаш таа не го пријавила инцидентот во полиција. На прашањето на Би-Би-Си зошто веднаш не отишла во полиција и не го пријавила силувањето, таа одговорила дека тогаш не знаела дека била жртва на кривично дело.

„Знаев дека се случи нешто со што не се согласувам. Но, не го гледав тоа како силување или сексуален напад, бидејќи тоа беше пред околу 10 години“, рече таа и најави тужба.

 

Слични објави

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....