6.8 C
Скопје
22:22 - 23 април, 2026

Цеца во стилот на Кардашијан: Ги отвори вратите за да го покаже приватниот живот на семејството Ражнатовиќ во реално шоу

Цели 35 години јавноста ја интригира како изгледа животот на балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ во вилата на улица Љутица Богдан број 3 во Белград. Никогаш досега Цеца не ја отворила вратата и не покажала како изгледа животот во најпознатата куќа во Србија, но и пошироко.

Во ексклузивната играно-документарна серија „Цеца и децата“, првата сезона од серијалот „Цеца шоу“, семејството Ражнатовиќ ќе го запознаете од поинаков агол. Емитувањето ќе започне на 7 октомври во вечерниот термин на Блиц ТВ, а гледачите ќе имаат можност да се запознаат со сите членови на семејството уште во првата епизода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

-Камерите со месеци го следат семејството Ражнатовиќ. Беа со Вељко на неговите тренинзи и натпревари, се запознаа со неговиот приватен живот далеку од очите на јавноста, следеа како го поминува времето со сопругата Богдана и синот Жељко. Имаа можност да забележат сѐ што се случува во животот на Анастасија, со кого се дружи, каде оди преку ден, како подготвува песни во студио, оди на деловни состаноци, снима фотосесии за списанија и многу други настани на кои присуствува најмладата музичка ѕвезда во Србија – објасни извор запознаен со проектот.

-Цеца ќе открие голем број тајни од животот. Ќе видиме некои работи кои се случија пред извесно време во нејзиниот живот и целосно го променија неговиот тек. Но, таа ќе евоцира и настани од минатото кои го одбележале нејзиниот живот. Покрај тоа ќе видиме и како изгледа внатрешноста на куќата и како функционира животот на Цеца и на нејзината сестра Лидија, која јавноста досега никогаш не ја видела да дава интервјуа – додаде изворот.

Како што објасни Цеца, со нетрпение очекува да ѝ ја претстави својата играно-документарна серија на публиката.

-Во мојот живот не беше секогаш сѐ како што сакав. Во јавноста се ширеа различни верзии од мојот живот: вистински, лажни, тенденциозни, измислени. А какво е навистина моето секојдневие далеку од сцената и камерата? Кого вистински сакам, кој најдобро ме познава, во што уживам, кој најлесно ме вади од кожа? И колку навистина се трудам животот да ми биде убав, ќе видите во серијата која е пред вас. По повеќе од 35 години кариера и јавен живот ја отворам вратата од својот дом за камерите кои ќе го следат моето семејство и мене. Добре дојдовте – изјави Цеца во оваа прилика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

-Гледачите ќе имаат можност да го видат мојот начин на живот, само што овој пат тоа ќе биде поинтензивно, ќе се прикажуваат многу работи од мојот живот, како тој изгледа денес и како изгледаше во минатото – рече Цеца во најавата за серијалот и истакна:

– Мислам дека јас ќе се снајдам, а за останатите членови на семејството не сум сигурна, но ќе се прилагодат. Сега кога го покажувам мојот живот, тоа е ново искуство за мене, тие растеа со камери и медиуми уште откога беа во мојот стомак – изјави пејачката.

Играно-документарната серија која ќе се вика „Цеца и децата“ ќе го заокружи забавниот дел од програмата на „ТВ Блиц“, а гледачите ќе имаат ексклузивна можност да видат како изгледа секојдневието на најпознатото семејство на Балканот.

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ се пофали со станот по реновирањето – пејачката позираше во домот вреден половина милион евра

Еспресо

Се огласи кумата на Зорица Брунцлик: Ова се најновите информации за состојбата на легендарната пејачка

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ ја посвети новата песна на починатиот брат: Објавени кадри од снимањето на спотот, Ѓани постојано покрај него

Еспресо

Позната српска пејачка откри: „Северина ме блокираше на Инстаграм“

Еспресо

Неда Украден има 75 години, изгледа фантастично: Ослабела со диета, го откри менито – на секои 4 часа го зема ова

Еспресо

Бидете буквално чекор пред сите… Изберете чевли од „Viktor Chevignon“

Еспресо
Се вчитува....