21:54 - 4 април, 2026

Цеца го откажа настапот во Струмица: Таа и Анастасија се разболеле од ист вирус

Цеца Ражнатовиќ и нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ морале да ги откажат настапите поради здравствени проблеми.

Фолк дивата се огласи на социјалните мрежи и јавно и се извини на публиката од Македонија и Црна Гора за одложувањето на концертот.

Како што откри Цеца, Анастасија и таа се заразени со ист вирус и поради таа причина нема да можат да се појават пред публиката.

– Драга публико од Струмица и Будва, мораме да ги откажеме настапите закажани за вечерва и утре. Ниту јас, ниту Анастасија не можеме да ги одржиме настапите, бидејќи за жал и двете сме заразени со истиот вирус – напиша Цеца на своето инстаграм стори, додавајќи:

– Ви благодариме на разбирањето, а за новите датуми на нашите концерти ќе ве информираме подоцна. Чувајте се, ве бакнуваме и ве сакаме – напиша Цеца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....